Како што дознава Курир,рс популарниот пејач Аца Лукас бил приведен од граничната полиција во Гетеборг.
Лукас требало да одржи концерт вечерва заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гилет Јашарспахиќ.
Приведен за време на гранична контрола
Ситуацијата се случила на аеродромот, каде што надлежните органи ги провериле патниците. Додека Раста и Гиле без проблеми ја поминале пасошката контрола и влегле во Шведска, на Лукас, од засега непознати причини, му е забранет влез во земјата.
Извори блиски до случајот тврдат дека пејачот бил приведен на понатамошно испрашување, по што е донесена одлука да не му се дозволи влез.
Извор Курир.рс
