Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина поранешниот директор и тренер на Вардар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Почина поранешниот директор и тренер на Вардар
СПОРТ

Почина поранешниот директор и тренер на Вардар

Објавено March 31, 2026 13:23
Сподели
Сподели

Поранешниот тренер на машката и женската екипа на Вардар, подоцна и спортски директор на „црвено-црните“ , Едуард Кокшаров, почина во Белорусија на 51-годишна возраст.

Кокшаров беше дел од Вардар во време на најголемите успеси на клубот, двете освоени европски шампионски титули во 2017 и во 2019 година.

За смртта на олимпискиот шампион во ракомет и тренер на Мешков Брест, објави белорускиот клуб.

– Мешков Брест изразува искрено сочувство до семејството и пријателите на Едуард Александрович. Ќе го паметиме како човек кој остави траен белег во нашиот тим и во срцата на сите што го познаваа. Ова е непоправлива загуба за целото ракометно семејство и голем шок за глобалната ракометна заедница, се вели во соопштението на клубот на социјалните мрежи.

Како член на руската репрезентација, Кокшаров ги освои Олимписките игри во 2000 година, бронзата на Игрите во 2004 година и Светското првенство во 1997 година.

Со Целје, Кокшаров ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2003/04, како и осум словенечки првенства и пет словенечки купови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки почести во Вила „Водно“
Следна Статија (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лука Јовиќ го потопи Интер и го одведе Милан во финалето на Купот (ВИДЕО)

Милан по пауза од седум години ќе се бори за трофејот во Купот на Италија. Милан го декласира градскиот ривал…

April 24, 2025
СПОРТ

Скандал во „Борис Трајковски“, АЕК одбива да го почне натпреварот со Алкалоид без нивните навивачи да дојдат во сала

Реванш мечот од финалето во ЕХФ Европскиот Куп меѓу РК Алкалоид и АЕК во арената “Борис Трајковски“ доцни иако требаше…

May 25, 2025
СПОРТ

Никола Јокиќ ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на НБА лигата

НБА тимот на  Денвер Нагетс подготвуваат нов договор за трикратниот МВП на НБА Никола Јокиќ. Продолжување на соработката меѓу Србинот…

April 14, 2025
СПОРТ

Само еден играч се врати дома во Бразил, еве кој (ФОТО)

Поразот на Бразил од Норвешка нагло ги запре соништата на повеќе од 200 милиони луѓе, а многу играчи објавија емотивни…

July 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?