Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обвинителството ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче
ХРОНИКА

Обвинителството ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче

Објавено March 31, 2026 19:26
Сподели
Сподели

Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе го испитува постапувањето на 39 полициски службеници во случаите на пријавено семејно насилство извршено од Стојанче Јовановски врз неговата сопруга Ивана и малолетната ќерка Катја.

Известувањето на МВР за полициските службеници поврзани со случајот на Стојанче Јовановски, како што информираат од Обвинителство, веќе е доставен до ОЈО ГОКК и ќе го преземе обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, кој ќе утврдува дали постои основ за кривична одговорност кај службените лица.

Известувањето за кое покажувате интерес е доставено до ОЈО ГОКК во текот на вчерашниот ден и истото ќе биде дадено на постапување на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција – информираат од ОЈО ГОКК.

Од МВР појаснуваат дека Одделот за внатрешна контрола утврдил пропусти во постапувањето кај 39 полициски службеници.

Во врска со случајот за кој прашувате Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР утврди пропусти во постапувањето на 39 полициски службеници кои постапувале по пријавите за семејно насилство. Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За сите дополнителни информации обратете се во надлежното обвинителство – велат од МВР.

Судењето против Стојанче Јовановски почна вчера во Основниот кривичен суд Скопје, а судот не го прифати неговото делумно признание на вина и одлучи постапката да продолжи со изведување докази.

Иако Јовановски на почетокот на рочиштето призна вина за две од вкупно трите кривични дела за кои се товари, тој пред судот нагласи дека бил присилуван од сведок во постапката, по што судот констатира дека изјавата не е дадена доброволно.

За првите две дела се чувствувам виновен, но за третото дело не се чувствувам виновен. Се чувствувам виновен и ги признавам кривичните дела, и тоа: телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од КЗ, како и кривичното дело загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска став 1 од КЗ. Ги сторив во време, начин и на место онака како што се опишани во обвинителниот акт. Но не се чувствувам виновен за кривичното дело наведување на самоубиство и помагање во самоубиство – посочи првично обвинетиот пред судот.

Мајката на починатата Ивана Јовановска, пред Основниот кривичен суд Скопје, вчера изјави дека ќерка ѝ со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со постојана мисла дека ќе ѝ биде одземена ќерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паѓа ли Законот за јазици на Уставен?
Следна Статија Мечка во Ростуше влезе на паркинг меѓу возила и ги изненади мештаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ

Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, оформи предмет и поведе постапка против осум лица…

December 30, 2024
ХРОНИКА

Уапсен скопјанецот кој синоќа пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т.…

October 27, 2025
ХРОНИКА

Вечерва изби шумски пожар над Битола

Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево. Командирот на…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Уапсен 19-годишник за убиство на 18-годишно момче од Бојане

На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од…

May 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?