Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Доаѓа времето кога Македонија нема да биде на периферијата на енергетските текови, туку во нивниот центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Доаѓа времето кога Македонија нема да биде на периферијата на енергетските текови, туку во нивниот центар
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Доаѓа времето кога Македонија нема да биде на периферијата на енергетските текови, туку во нивниот центар

Објавено April 2, 2026 17:16
Сподели
Сподели

Интерконективниот далековод Битола–Елбасан не е обичен далековод. Тој е симбол на една затворена празнина која со години стоеше како пречка на нашиот пат. Коридорот 8, кој треба да биде артерија на економијата, долго време имаше прекин во својата енергетска мрежа. Денес, со овој проект, таа празнина конечно се затвора, напиша премиерот Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи.

Со изградбата на овој 400 киловолтен далековод, долг околу 100 километри, ја воспоставуваме последната енергетска врска којашто недостасува со нашите соседи. За првпат, стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи. Тоа значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој.

Кредитот бил обезбеден уште во 2015 година. Договорот потпишан во 2020 година. А реализацијата – речиси непостоечка.
Ние не дозволивме овој проект да остане уште една пропуштена можност. Донесовме храбра, но неопходна одлука – да се раскине договорот кој не даваше резултати. Одлуката беше донесена по длабока анализа, со форензичка поддршка, со меѓународни консултанти и во координација со ЕБОР.
Доаѓа времето кога Македонија нема да биде на периферијата на енергетските текови, туку во нивниот центар.
И тоа време, започнува сега, напиша Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Југоисточна Европа: Стратешки коридор што Вашингтон не смее да дозволи да го игнорира
Следна Статија (ВИДЕО) Апокалиптични сцени од Грција: Црвен чад го покри небото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Отворено писмо до јавноста од небанкарските друштва: Проверката и верификацијата на барателите на кредит се засилени и ги сведуваат на минимум можностите за измама

По објавата на документарниот филм „Украдени животи“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора…

December 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?

Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за…

April 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: На цела територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници

Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој – ЕБОР денеска потпишаа договор за грант за…

July 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Виз ер отвори уште една нова авиолинија од скопскиот аеродром – Штутгарт

Со првиот лет што полета денеска, понеделник, 29 септември, во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот Аеродром Скопјe до Штутгарт, Виз…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?