Дерби дуелот од 35.коло од кошаркарската Евролига им припадна на кошаркарите на Партизан, кои славеа против соседот Црвена Звезда со 89:82. „Црно-белите“ беа подобар противник во текот на целиот натпревар и постојано го контролираа резултатот. Кај победничката екипа Карлик Џонс постигна 26 поени, а одлично прво полувреме имаше Стерлинг Браун со 22 поена. Кај поразениот тим Коди Милер-Мекинтајер постигна 24. Со овој пораз Црвена Звезда ги намали шансите за пласман во плеј офот.
Резултати на синоќешните дуели: Хапоел Тел Авив – Панатинаикос 92:88, Жалгирис – Барселона 83:71, Црвена Звезда – Партизан 82:89, Дубаи – Монако 101:91, Париз – Милано 103:93, Макаби – Анадолу Ефес 103:89.
Вечерва играат: Вилербан – Олимпијакос, Басконија – Реал Мадрид и Виртус Болоња – Валенсија.
Фенербахче и покрај серијата од три порази е лидер со 23-12 (победи-порази), пред Олимпијакос и Реал Мадрид кои имаат 22-1
