Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дескоски: Савески пред три клучни теста – Кочани, СЈО и случајот „Жан Митрев“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дескоски: Савески пред три клучни теста – Кочани, СЈО и случајот „Жан Митрев“
МАКЕДОНИЈА

Дескоски: Савески пред три клучни теста – Кочани, СЈО и случајот „Жан Митрев“

Објавено April 3, 2026 13:32
Сподели
Сподели

Професорот Тони Дескоски во јавна објава оцени дека првите чекори на јавниот обвинител Савески влеваат надеж за посериозен пристап во справувањето со наталожените проблеми во обвинителството, но предупреди дека пред него стојат неколку клучни и чувствителни предизвици.

Според Дескоски, новиот обвинител треба да се фокусира на три краткорочни приоритети. Како најважен го посочува случајот со трагедијата во Кочани, за кој вели дека претставува „национална траума“ и бара правда. Тој изразува сомнеж во квалитетот на актуелното обвинение, посочувајќи на проблеми со причинско-последичната врска кај дел од обвинетите, како и на можноста да недостасуваат лица кои би можеле да сносат одговорност.

Вториот приоритет се однесува на последиците од работењето на поранешното Специјално јавно обвинителство, предводено од Катица Јанева. Дескоски оценува дека расчистувањето со, како што наведува, „талогот“ од тој период веќе е започнато, при што нагласува дека е потребно системско отстранување на последиците од, како што го нарекува, неуспешниот проект.

Како трет приоритет, професорот го посочува обвинението против Жан Митрев, за кое вели дека, според текот на судењето, се соочува со сериозни предизвици. Тој смета дека обвинителот Савески ќе треба јасно да се изјасни дали стои зад тоа обвинение, предупредувајќи дека во спротивно постои ризик од негов неуспех на суд.

Дескоски оценува дека јавноста има големи очекувања од правосудниот систем и дека актуелното раководство на обвинителството има шанса да одговори на тие очекувања, но само доколку преземе одлучни и јасни чекори.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре силен ветер со над 70 км/ч, од недела вистинска пролет
Следна Статија Џ. Д. Венс доаѓа во Унгарија за да даде поддршка на Орбан пред изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд…

November 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево

Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Попов: Владата се залага за држава во која секој млад човек ќе чувствува дека политиката работи за него

На денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ…

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Биљал Касами победи во Тетово

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Биљал Касами, е во водство во вториот круг од локалните избори во Тетово со освоени 53,75%…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?