Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ГАК: Имаше кус прекин на струја, но бебињата добиваа кислород без застој
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > ГАК: Имаше кус прекин на струја, но бебињата добиваа кислород без застој
ЗДРАВЈЕ

ГАК: Имаше кус прекин на струја, но бебињата добиваа кислород без застој

Објавено April 4, 2026 14:11
Сподели
Сподели

Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција по повод обвинувањата на партијата Левица, а ги објави „Фокус“.

Од ГАК информираат дека имало кус прекин со напојувањето на струја, но веднаш било постапено по сите протоколи.

„ЈЗУ Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство ја информира јавноста дека на 28.03.2026 имаше кус прекин со напојувањето на електричната енергија во една од просторииите на Одделението за интензивна нега и терапија, но веднаш е постапено по сите протоколи.

Вакви случаи со техниката можат да се случат секаде во светот и тоа е нешто што не можете да го контролирате. Затоа клиниката е подготвена согласно протоколите веднаш да реагира при што ниту еден живот на ниту едно новороденче не беше загрозен.

Клиниката располага со современ систем на напојување на електрична енергија во случаи на рестрикција на струја. Бебињата си ја добиваа потребната терапија и потребната количина на кислород без застој.

Ја информираме јавноста, дека медицинскиот персонал кој работи на Одделението за интензивна нега и терапија на ГАК на секои две години во склоп на Обуката за реанимација им се врши обука и за справување со несакани случувања како што е закажување на техниката од било која причина.

Токму затоа упатуваме смирувачка порака до сите родители и идни родители дека простор за загриженост нема во ниту еден миг за здравјето на нивните деца или другите пациенти кои се хоспитализирани на клиниката.

На интензивната нега во моментов престојуваат 48 новородени за кои се грижи максимално професионален и посветен персонал, додека пак во засегнатата просторија во моментот имало 6 новороденчиња. Персоналот е 24 часа присутен помеѓу овие дечиња и простор за вознемиреност нема,“ се вели во соопштението на ГАК кое го пренесуваме во целост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американската војска е вклучена во потрагата по исчезнатиот пилот на соборениот авион над Иран
Следна Статија Јегуновце крие 7.000 тони опасен хром, Илијоски со алармантна споредба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Научниците од Харвард утврдиле дека литиумот има влијание на здравјето на мозокот- лекува ли Алцхајмер?

Нова студија за прв пат покажува дека литиумот игра клучна улога во нормалната функција на мозокот и може да обезбеди…

August 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Се зголемува бројот на младите пациентки со рак на дојка

Се зголемува бројот на млади пациентки со рак на дојка. Иако претходно жените над 40 години беа со поголем ризик…

March 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Во земјава се зголемува бројот на деца со низок раст

Претседателот на здружението на граѓани „Раст“, Aлександар Петковски информира дека за жал степенот на дијагностицирани деца со низок раст во…

November 25, 2024
ЗДРАВЈЕ

Зошто после јадењето никогаш не треба да се туширате со топла вода?

Иако може да изгледа како пријатен начин за опуштање, туширањето со топол туш веднаш по оброкот може негативно да влијае…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?