Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Германија цените на горивата дивеат без контрола: Дизелот достигна цена над 3 евра за литар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Во Германија цените на горивата дивеат без контрола: Дизелот достигна цена над 3 евра за литар
ЕКОНОМИЈА

Во Германија цените на горивата дивеат без контрола: Дизелот достигна цена над 3 евра за литар

Објавено April 5, 2026 19:55
Сподели
Сподели

Цените на горивото во Германија продолжуваат нагло да растат, при што на одредени бензински пумпи литар дизел веќе ја надмина границата од 3 евра.

На бензинска станица AVIA во Ешборн, во близина на Франкфурт, дизелот достигнал цена од 3,16 евра по литар, додека бензинот Super (E5) се продавал за 3,03 евра. Иако цените подоцна се намалиле, тие и понатаму остануваат на историски високо ниво.

За време на Велигден, просечната цена на премиум бензинот низ земјата достигнала околу 2,30 евра по литар, додека дизелот се движел околу 2,49 евра – највисоки вредности досега.

Во споредба со претходната недела, цените значително пораснале и тоа бензинот поскапел за околу 18 центи, E10 за 23 центи и дизелот за 22 центи

И покрај новата регулатива која стапи на сила на 1 април и дозволува покачување на цените само еднаш дневно (во 12 часот), граѓаните не почувствувале олеснување. Напротив, цените станале уште понестабилни, со нагли скокови во краток временски период.

Експертите предупредуваат дека цените може дополнително да растат во наредните денови, особено поради глобалната енергетска криза и нарушените нафтени рути, поврзани со ситуацијата околу Ормушкиот теснец.

Ова значи дека притисокот врз европските пазари ќе продолжи, а возачите ќе мора да се подготват за уште поскапо гориво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Состојбата во земјоделието е алармантна, негрижата на власта го уништува
Следна Статија ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонски винарии го најавија Денот на станушината

„Македонски семејни винарии" го најавија Денот на станушината, информирајќи дека станува збор за најголемиот вински настан на ова здружение, на…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец…

July 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски уверува дека на патот Кичево-Охрид му се гледа крајот

Автопатот Кичево–Охрид, еден од најдолгите и најпроблематични инфраструктурни проекти во земјата, повторно доби најава дека се приближува до крај. Вицепремиерот…

April 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи

Младата Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи, меѓу кои и тестенини со печурки без…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?