Десетмесечно бебе, неговата мајка (21) и 16-годишно девојче загинаа кога дрво падна врз нив додека бараа велигденски јајца во шума во Германија.
Трагедијата се случила денеска околу 11 часот во Сатрупхолм, во општина Мителангелн.
Огромно дрво паднало врз девојчето и мајката на бебето, а тие останале мртви на самото место.
Бебето било однесено во болница со хеликоптер со сериозни повреди, но и покрај напорите на лекарите, тоа не можело да се спаси.
Брзата помош го примила повикот околу 11 часот денеска, со извештаи дека неколку лица се заробени под огромно дрво што падна.
Бројни пожарникари, брза помош и два хеликоптери веднаш пристигнале на местото на несреќата. Вкупно беа ангажирани повеќе од 80 спасувачки служби.
Очевидци велат дека шарени велигденски јајца биле расфрлани низ местото на несреќата – се претпоставува дека дрвото се урнало додека децата и возрасните барале јајца.
Германската метеоролошка служба соопшти дека временските услови на северот од земјата денеска биле лоши со силен ветер што дувал и до 80 километри на час.
