Шест реновирани хируршки сали се отворени денеска на Хируршките клиники во Клинички центар „Мајка Тереза“, со што според директорот на ТОАРИЛУЦ, доктор Игор Мерџановски се добива оперативен блок со светски стандарди, а македонските специјализанти ќе добијат исти услови за работа како и при обуките во странските центри.

Во проектот е влезена и нова хируршка сала во Ургентниот центар, која ќе помогне да се зголеми бројот на еднодневни операции како што се ампутациите на екстремитетите.
За реновирање на вкупно 10 операциони сали предвидено е да се потрошат 282 милиони денари со што значително се јакне капацитетот на македонското здравство.
