Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерство за правда: Протестот покажа обид за манипулација со граѓаните од политички структури
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Министерство за правда: Протестот покажа обид за манипулација со граѓаните од политички структури
МАКЕДОНИЈА

Министерство за правда: Протестот покажа обид за манипулација со граѓаните од политички структури

Објавено April 6, 2026 18:31
Сподели
Сподели

Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог.

-Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две децении директно учествуваа во креирањето на лошите состојбите во правосудниот систем.

Особено загрижува улогата на одредена опозициска партија, и нивното делување во контекст на актуелните протести. Ваквите постапки отвораат сомнежи за обид за јавна манипулација и инструментализација преку поттикнување на чувствителни прашања и очигледно користење на етничка реторика за остварување на краткорочни политички цели. Во тој контекст евидентно е и отсуството на користење на државни обележја на денешниот протест што дополнително упатува на демократскиот капацитет на организаторите и нивниот однос кон државата и уставниот поредок, соопштуваат од Министерството.

Во однос на барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит, од Министерството за правда потенцираат дека истиот се спроведува согласно важечката законска рамка. Станува збор за стручен испит кој не претставува управна постапка, туку механизам за обезбедување на квалитет и стручност во правосудниот систем.

Министерството за правда останува отворено за конструктивен дијалог со сите засегнати страни и внимателно ги разгледува сите иницијативи и предлози, исклучиво во рамки на законските надлежности. Наш приоритет останува јакнењето на правниот поредок и воспоставување на фер, транспарентен и квалитетен систем на стручна евалуација, ослободен од политички влијанија.

-Нема да дозволиме никаква злоупотреба на Уставот и законите, велат од Правда

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп пресече: Утрешниот рок за постигнување договор со Иран е конечен
Следна Статија Eве каде се сели Винисиус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Центар за македонски јазик пред Врховен во Грција: Апел за финансиска помош до сите Македонци ширум светот

На 21 септември 2026 година, во Врховниот суд (Касацискиот суд на Грција) се разгледуваат две жалби од 7 физички лица…

June 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието

Со некаков облик на корупција, најчесто во образованието – од поткуп за оценки до купување дипломи, се соочиле 54 отсто…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Судскиот совет разгледува предмети во кои постапувал судијата Ристов

Судскиот совет ги разгледува предметите во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов, против кого е поднесена кривична пријава откако во…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе ги вратиме и „Web of science“ и „Scopus“ како референтни бази на научни списанија, инспекции ќе има на сите универзитети

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?