Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјите од светот го поздравија прекинот на огнот меѓу САД и Иран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Земјите од светот го поздравија прекинот на огнот меѓу САД и Иран
СВЕТ

Земјите од светот го поздравија прекинот на огнот меѓу САД и Иран

Објавено April 8, 2026 17:47
Сподели
Сподели

Неколку арапски држави денеска го пофалија двонеделниот прекин на огнот помеѓу САД и Иран и го поздравија повторното отворање на Ормуската Теснина.

Шефот на оманската дипломатија Бадр бин Хамад ал-Бусаидина, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави привремено примирје, на „Икс“ објави дека „важноста од интензивирање на напорите за наоѓање решенија сега може да ја завршат кризата“.

Министерството за надворешни работи на Египет соопшти дека прекинот на американските воени операции претставува важна можност за создавање простор за дипломатијата и конструктивниот дијалог.

Ирачките медиуми објавија дека Багдад верува оти прекинот на огнот ќе помогне во ублажување на тензиите во регионот и оти ги поддржува сите понатамошни напори кон дијалог.

Прекинот на огнот го поздрави и папата Лав XIV нагласувајќи оти тоа е „знак на жива надеж“.

– Само со враќање на преговорите можеме да постигнеме крај на војната. Ве поканувам да го следите ова време на деликатна дипломатска работа со молитва надевајќи се дека подготвеноста за дијалог може да стане инструмент за решавање други конфликти во целиот свет – истакна поглаварот на Римокатоличката црква.

И шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани го поздрави двонеделното примирје оценувајќи го како позитивен чекор кон постигнување договор.

Шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Штенергард изјави дека двонеделното примирје помеѓу САД и Иран е добра вест.

– Привременото примирје, кое дојде по значајните напори за посредување, особено од страна на Пакистан, би можело да го отвори патот за враќање на слободниот премин низ Ормуската Теснина. Шведска е подготвена да придонесе за ова на соодветен начин, вклучително и наоѓање политички решенија – објави Штенергард на „Икс“.

И претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос Помладиот, го поздрави двонеделниот прекин на огнот изразувајќи надеж дека тоа ќе ги намали тензиите во глобалните резерви на нафта и ќе има позитивно влијание врз Манила.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка
Следна Статија Советот на јавни обвинители ја констатира оставката на обвинителката Ленче Ристоска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин

–  Русија го префрлила Башар ал Асад,  соборен од молскавична офанзива на бунтовниците од позицијата претседател на Сирија, на „најбезбеден…

December 11, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Каква дрога е каптагон, која е наречена кокаин за сиромашни во Сирија

Видеото кое се појави на социјалните мрежи покажува наводен магацин во Сирија во кој се наоѓа каптагон, дрога што ја…

December 26, 2024
СВЕТ

Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври

Израел денеска (7 октомври) им оддава почит на жртвите од терористичкиот напад на Хамас пред една година. Хамас е прогласена…

October 7, 2024
СВЕТ

Каква ракета е „Хаибар“ – со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

По екслацијата на конфликтот со Израел, иранските власти вчера се заканија со лансирање на ракетата „Хаибар“, со драматично предупредување: „Светот…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?