Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Астронаутите што ја обиколија Месечината се вратија на Земјата, НАСА слави историски успех
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Астронаутите што ја обиколија Месечината се вратија на Земјата, НАСА слави историски успех
СВЕТ

(ВИДЕО) Астронаутите што ја обиколија Месечината се вратија на Земјата, НАСА слави историски успех

Објавено April 11, 2026 10:45
Сподели
Сподели

Екипажот на мисијата „Артемис 2“ на НАСА успешно се врати дома, слетувајќи во Тихиот Океан покрај брегот на Сан Диего, Калифорнија, синоќа во 2:07 часот по средноевропско време.

По околу час и половина од слетувањето во морските води, сите четворица астронаути – Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен, беа извлечени од капсулата и прво префрлени на брод на американската морнарица, а подоцна и на копно, официјално означувајќи ја мисијата „Артемис 2“ како целосен успех.

Откако сите четворица астронаути беа извлечени од капсулата, имаше еуфорија и голема прослава во контролата на летот на НАСА.Инженерите прво спроведоа неколку дополнителни тестови додека капсулата Орион беше во вода пред да го исклучат вселенското летало и да го предадат на спасувачки тим од американскиот воен брод.

За време на исклучувањето на Орион, контролорите на летот прво ги исклучија, во тој момент, небитните системи и ја ставија капсулата во режим за спасување. Тоа е важно зашто ја намалува потрошувачката на енергија и го подготвува вселенското летало за следниот чекор, додека спасувачките екипите се движат кон него.

По наредба на раководителот за спасување на НАСА, тимови на Агенцијата и американската војска се приближија до вселенското летало во гумени чамци.

Потоа екипажот беше извлечен од Орион и пренесен со хеликоптер на американската морнарица до воениот брод каде астронаутите беа подложени на медицински проценки пред враќањето на копно и летот до вселенскиот центар на НАСА во Хјустон.

По обезбедувањето, капсулата Орион се транспортира до поморската воздухопловна станица во Сан Диего, а потоа до вселенскиот центар „Кенеди“ за да се извршат неопходните проверки, пребарување податоци, отстранување товар и други проверки по летот.

Пред враќањето на Земјата, екипажот на „Артемис 2“ беше доста зафатен со подготвителните активности. Четворицата астронаути ја започнаа последната фаза од нивното враќање на Земјата со песните „Run to the Water“ и „Free“, додека се подготвуваа за третото корективно вклучување на моторот и последните подготовки за влегување во земјината атмосфера и слетувањето.

Последната фаза од спуштањето се одвиваше низ прецизно темпирана низа настани, која започна околу час и половина по полноќ.

Мисијата „Артемис 2“ започна на 1 април годинава, половина час по полноќ, со лансирање на ракетата од вселенскиот центар „Кенеди“, што го означи првиот човечки лет кон Месечината од 1972 година.

Тие исто така станаа првите астронаути што летаа во близина на Месечината по програмата „Аполо“ во 1960-тите и 1970-тите.

Крајната цел на програмата „Артемис“ е долгорочно човечко присуство на Месечината, што треба да послужи како појдовна точка за идно истражување на планетата Марс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес во Пехчево и Берово
Следна Статија Дешамп седнува на „кралската“ клупа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп предложи виза „златна карта“ од пет милиони долари за богати странци

Американскиот претседател Доналд Трамп ги објави плановите за нова програма за визи со која ќе се доделат права за постојан…

February 26, 2025
СВЕТ

Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт

Неколку лица се тешко повредени кога автомобил удри во група луѓе во југозападниот германски град Штутгарт, соопшти вечерва пожарникарската бригада…

May 2, 2025
СВЕТ

Конзервативци водат на изборите во Хондурас, покажуваат раните резултати

Две конзервативни кандидатури се водечки по endorsement-от на Трамп за еден од нив, кој ги вовлече Соединетите Американски Држави во…

December 4, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Во Велика Британија патници беа избодени со нож во воз, уапсени двајца мажи

Двајца мажи се упсени синоќа откако голем број патници беа избодени во воз за Хантингдон, источна Англија, соопшти британската полиција.…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?