Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новиот унгарски лидер се разведе од министерка во владата на Орбан: „Предавник, ме оттурна бремена, одеше со нож…“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Новиот унгарски лидер се разведе од министерка во владата на Орбан: „Предавник, ме оттурна бремена, одеше со нож…“
СВЕТ

Новиот унгарски лидер се разведе од министерка во владата на Орбан: „Предавник, ме оттурна бремена, одеше со нож…“

Објавено April 14, 2026 09:40
Сподели
Сподели

По изборната победа на Петер Маѓар, во јавноста повторно се актуелизира неговиот приватен живот, особено разводот со поранешната министерка за правда Јудит Варга, со која има три деца.

Двајцата биле во брак од 2006 до 2023 година, а нивниот развод првично поминал без големо медиумско внимание. Сепак, приказната повторно изби во јавноста во 2024 година, кога Маѓар започна политички подем и јавно проговори за односите во власта, но и за својот приватен живот.

Во меѓувреме, Варга поднесе оставка од министерската функција поради контроверзниот случај со помилување, кога лице поврзано со прикривање на сериозно кривично дело доби претседателско помилување со нејзин потпис. Скандалот сериозно го наруши угледот на тогашната власт.

Кулминацијата на конфликтот меѓу поранешните сопружници дојде кога Маѓар објави аудио-снимки за кои тврдеше дека откриваат обиди за влијание врз правосудството. Тоа предизвика силни политички реакции и дополнително ја разгоре јавната дебата.

Набргу потоа, Варга излезе со сериозни обвинувања против Маѓар, тврдејќи дека за време на бракот била изложена на психичко и емоционално насилство. Таа во интервјуа наведе дека била заклучувана против своја волја, оттурната додека била бремена, како и дека тој се движел низ домот со нож во рака. Според неа, имало и инцидент во кој лажно прикажал обид за самоубиство.

Маѓар ги отфрли сите обвинувања, нарекувајќи ги клевета и политички мотивирани напади, тврдејќи дека доаѓаат под притисок на поранешната власт и провладини медиуми.

Според полициски извештаи објавени во медиумите, за време на еден инцидент тој наводно се однесувал агресивно и заканувачки, додека Варга, со полициска заштита, се обидувала да ги одведе децата. Маѓар, пак, тврди дека тие документи се фалсификувани.

И покрај жестоките обвинувања и јавниот конфликт, Маѓар по победата на изборите изјави дека не сака дополнително да ја коментира ситуацијата.

– „Ниту сега, ниту во иднина нема да одговарам на овие повторувани обвинувања. И посакувам на поранешната сопруга мирен живот“, изјави новиот унгарски лидер.

Случајот останува чувствителна тема во унгарската јавност, особено во контекст на неговиот брз политички подем и промените што ги најавува во земјата.

Слободна далмација

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денес е Светол Вторник, се верува дека е најсреќен ден во годината!
Следна Статија ОН ѝ пресуди на Бугарија: Неосновано ја блокирала регистрацијата на Македонци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Нови детали за ликвидацијата на Хаменеи: ЦИА ја лоцирала точната позиција

Израелски одбранбени сили објавија нови информации за нападите во кои беше убиен врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи. Во…

March 1, 2026
СВЕТ

Турската полиција со водени топови ги растера студентите во Анкара

Студентите утрово се собраа во близина на Блискоисточниот технички универзитет во Анкара да прочитаат соопштение, а потоа да маршираат, но…

March 27, 2025
СВЕТ

Италијанска АНСА ја објави причината за смртта на папата Франциск

Крварење во мозокот е можната причина за смртта на папата Франциско, наместо респираторните проблеми кои произлегуваат од неговата неодамнешна пневмонија…

April 21, 2025
СВЕТ

Стапува во сила новата такса за работна виза за САД

Новата такса од 100.000 долари за визи H-1B во Соединетите Американски Држави, која стапува во сила денеска, ќе се наплаќа…

September 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?