Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – ново видео од Ивана и Стојанче пуштено во судница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – ново видео од Ивана и Стојанче пуштено во судница
ХРОНИКА

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – ново видео од Ивана и Стојанче пуштено во судница

Објавено April 15, 2026 14:26
Сподели
Сподели

Во рамки на судскиот процес за смртта на Ивана Јовановска, Обвинителството презентираше нов видеодоказ, на кој таа го обвинува сопругот за физичко насилство, тврдејќи дека ја удирал по бубрезите по „модел“ што, како што наведува, го научил од својот татко.

Во судница беше презентиран нов видеозапис од Ивана Јовановска, на кој таа тврди дека сопругот Стојанче Јовановски ја удирал по бубрезите, бидејќи, како што му посочува, така бил научен од неговиот татко додека бил полицаец „за да не се познава“.

Снимката, која Обвинителството ја прикажа како доказ, ја прикажува Ивана видно вознемирена и во солзи, додека се наоѓа во ходник и се расправа со Стојанче, кој во меѓувреме ја снима и се смее. Таа го обвинува дека постојано ја тепал,го прашува зошто ја тепа , а тој само се смее. Бара од него да ја почека полицијата која претходно ја повикала.

„Стојанче, цело време ме удираш по бубрези, зашто сам ми имаш кажано дека татко ти така удирал кога бил полицаец, да не се познава“, му вели Ивана во еден момент од видеото.

Таа во разговорот дополнително го обвинува дека повеќепати ја нападнал, вклучително и дека ја турнал по скали во болница пред сведоци, прашувајќи го колку пати досега ја малтретирал и колку пријави за семејно насилство има против него.

Во текот на снимките, Ивана постојано плаче и го моли да престане со насилството, додека тој ја исмева, ја имитира и продолжува да ја навредува. Таа во еден момент го обвинува и за злоупотреба на дрога, што тој го негира.

Обвинителството посочи дека видеозаписите се направени од телефонот на обвинетиот на 10 февруари годинава, непосредно откако Ивана пријавила семејно насилство. Дел од содржината не беше целосно прикажана поради навредливи и вулгарни изрази.

Стојанче Јовановски е обвинет дека подолг период психички и физички ја малтретирал сопругата, со која бил во бракоразводна постапка, и дека со своето однесување ја навел на самоубиство. Ивана Јовановска го загуби животот на 2 март, кога падна од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Си-ен-ен“: Македонија е „скриен бисер“ што туристите сè повеќе го откриваат
Следна Статија Ахмети: Без Албанците на Македонија деновите ѝ се избројани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Палевски: Не ме плаши доживотната робија, ниту влијае на мене – пресудата е нарачана и веќе донесена

Пресудата е донесена на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Вака првообвинетиот Љупчо Палевски рече образложувајќи го новото…

March 7, 2025
ХРОНИКА

Како директор и обезбедување дрпнаа 80.000 евра од Плаошник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на…

October 30, 2024
ХРОНИКА

Акција во Скопје и Куманово – уапсени неколку лица, запленето поголемо количество амфетамин

По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети…

July 3, 2025
ХРОНИКА

Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември

Судскиот процес против четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за несовесно лекување…

July 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?