Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се зголеми бројот на убиени во масакрот во училиште во Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Се зголеми бројот на убиени во масакрот во училиште во Турција
БАЛКАН

Се зголеми бројот на убиени во масакрот во училиште во Турција

Објавено April 16, 2026 16:26
Сподели
Сподели

Уште едно лице почина денеска во болница како последица на ранувањето во вчерашното пукање во училиште во Турција.

По пукањето во кое беа убиени девет лица, а 13 беа ранети, шестмина од нив беа во критична состојба.

Иса Арас Мерсинли, кој имал 14 години, вчера пукаше во две училници во средно училиште во јужниот град Кахраманмараш, убивајќи една наставничка и осум ученици. Напаѓачот, кој исто така настрада, пристигнал во училиштето со пет парчиња огнено оружје и седум рамки кои му припаѓале на неговиот татко, пензиониран висок полициски функционер, кој беше уапсен по нападот.

Нападот се случи само еден ден откако 16 лица беа ранети кога поранешен ученик пукаше во средно училиште во соседната провинција Шанлиурфа. Поголемиот дел од жртвите беа ученици. Напаѓачот подоцна изврши самоубиство. До денес, 20 лица се приведени во врска со пукањето во вторникот во Шанлиурфа.

Министерствата за внатрешни работи и за образование одржаа заеднички состанок во Анкара за безбедноста во училиштата, на кој присуствуваа надлежните министри, сите 81 гувернери на турските провинции, како и шефовите на полицијата и претставници на образовните институции по провинции.

Турската полиција откри дека вчерашниот напаѓач на својата профилна слика на Вацап (WhatsApp) имал слика од Елиот Роџер, студентот кој уби шест лица во Калифорнија во 2014 година.

Министерството за семејство и социјални работи денеска соопшти дека формирало тим за давање психосоцијална поддршка на учениците и нивните семејства, како и дека планира сеопфатна истрага за слични инциденти.

Денеска беа одржани погребите на учениците, кои имале по 11 години, убиени вчера и на наставничката по математика Ајла Кара (55), која почина за време на нападот.

Стотици наставници се собраа денеска во Анкара и Измир барајќи поголема безбедност во училиштата. До оваа недела, училишните пукања беа ретки во Турција.

Сепак, десетици ученици беа уапсени денеска поради објави на социјалните мрежи кои навестуваа можни слични напади. Министерот за правда Акин Гурлек соопшти дека 67 корисници на социјалните мрежи се задржани поради објави насочени кон 54 различни училишта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чеферин денеска во посета на ФФМ, средби и со државниот врв
Следна Статија Специјализациите во медицината од шест се скратуваат на пет години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучевиќ: Политичка одговорност мора да има, но одлуката треба да се донесе со ладна глава

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека обвинителството и полицијата работат на утврдување кривична одговорност за несреќата во Нови Сад,…

November 3, 2024
БАЛКАН

Не одете во Грција во четврток и петок, ќе има целосна блокада

Со 48-часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и…

January 4, 2026
БАЛКАН

Дедо Мраз падна од трети спрат за време на панаѓур

Грозоморна сцена е снимена вечерва околу 19 часот во Крњача, Белград кога маж облечен во костим на Дедо Мраз паднал…

December 28, 2024
БАЛКАН

Загинаа четворица по пад на мал авион кај Пула во Хрватска

Четири лица загинаа во сериозна авионска несреќа што се случи денес околу 11:20 часот во областа Медулин во Хрватска. Во…

June 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?