Денеска во судницата во Идризово продолжи судењето за трагедијата во Кочани, кога во дискотеката „Пулс“ загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Но, ниту еден од петмината сведоци кои требаше да сведочат за моментите од трагедијата на 16 март 2025 година, не се појави на рочиштето.
Двајца од овие сведоци предложени од Јавното обвинителство, не можеле повторно да ја преживуваат кобната вечер со сведочење во суд, двајца од нив Обвинителството не успеало да ги исконтактира. Еден од сведоците бил во странство.
Судот го прифати предлогот на Обвинителството, на двете девојки кои треба да сведочат да им се направи психијатриско вештачење и да се процени дали може повторно да сведочат или пред судот да се прочитаат исказите што ги дале претходно во Обвинителството.
