Четириесет и деветгодишен македонски државјанин е осуден на затворска казна од 15 месеци во Солун, откако вчера под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа. Инцидентот се случил на регионалниот пат Солун – Калохори, кога возачот со својот камион удрил во паркирано возило.
Полицискиот алкотест покажал дека возачот имал помеѓу 0,76 и 0,78 милиграми алкохол на литар воздух, што е значително над дозволеното ниво. Судот за прекршоци во Солун го прогласи за виновен за опасно возење, по што му беше одредена затворска казна која може да ја откупи за по 10 евра од ден.
