Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Постигнато примирје: Израел и Либан со 10-дневен прекин на огнот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Постигнато примирје: Израел и Либан со 10-дневен прекин на огнот
СВЕТ

Постигнато примирје: Израел и Либан со 10-дневен прекин на огнот

Објавено April 16, 2026 19:36
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social објави дека е постигнат договор за десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, кој треба да започне денес во 23 часот по средноевропско време.

Целта е, како што рече, постигнување траен мир меѓу двете земји.

„Штотуку имав одлични разговори со почитуваниот либански претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Биби Нетанјаху. Двајцата лидери се согласија дека, со цел да се постигне мир меѓу нивните земји, официјално ќе започнат десетдневно примирје“, напиша претседателот на САД.

Кабинетот на либанскиот претседател Џозеф Аун претходно потврди дека тој разговарал телефонски со Трамп.

Според извештај на катарската телевизија Ал-Араби, Трамп му рекол на Аун дека објавата за примирје во Либан се очекува во наредните часови.

Аун му се заблагодарил на Трамп за напорите за обезбедување прекин на огнот во Либан, се наведува во соопштението, пренесува Тајмс оф Израел.

Трамп возвратил со изразување поддршка за владата на Аун и истакнал дека е посветен на исполнување на либанското барање за постигнување примирје.

Либанските и арапските медиуми претходно објавија дека американскиот претседател разговарал телефонски со претседателот на Либан, а според Скај њуз, ова е првиот разговор меѓу двајцата лидери откако Аун ја презеде функцијата во јануари минатата година.

Аун на социјалните мрежи наведе дека за време на разговорот повторно му се заблагодарил на претседателот на САД за напорите за постигнување примирје во Либан и обезбедување траен мир и стабилност.

Тој исто така изразил желба непријателствата да престанат „во најкраток можен рок“.

Официјални претставници на двете земји во вторникот разговарале во Вашингтон за конфликтот, што е прв ваков контакт од 1993 година.

На израелската војска ѝ било наредено да се подготви за прекин на огнот во Либан, изјавиле воени претставници за израелскиот дневен весник „Харец“.

Весникот наведува дека високите команданти на израелската армија добиле инструкции да ги подготват своите сили, кои моментално дејствуваат во јужен Либан, за прекин на огнот кој треба да започне денес меѓу 17 и 22 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маѓар: Унгарија, засега, не може без руската нафта
Следна Статија МВР: Нема недостиг на обрасци за возачки дозволи, обезбедени резерви за три години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Лавров привлече медиумско внимание за време на доаѓањето на Алјаска, многумина забележаа необичен детаљ на неговиот џемпер

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Алјаска како дел од самитот меѓу Русија и САД, а многумина…

August 15, 2025
СВЕТ

Зеленски објави колку заработил лани: приходите му се зголемени во однос на 2023 година

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави декларација за имотот, приходите, трошоците и финансиските обврски на неговото семејство за 2024 година. Системот…

April 2, 2025
СВЕТ

Американските демократи избраа нов лидер

Настојувајќи да ја обнови партијата по убедливиот пораз на изборите од републиканецот Доналд Трамп во ноември, Демократскиот национален комитет (DNC)…

February 2, 2025
СВЕТ

Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа ја потпиша извршната наредба со која се воведуваат царини од 25 отсто за увоз на…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?