Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судска медицина: Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Судска медицина: Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски
ХРОНИКА

Судска медицина: Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски

Објавено April 17, 2026 14:41
Сподели
Сподели

На судењето за случајот со смртта на Ивана Јовановска, вештакот по судска медицина Златко Јаќовски сведочеше за наодите од обдукцијата и токсиколошките анализи, при што беа презентирани податоци и за неа и за Стојанче Јовановски.

Според неговото сведочење, кај Ивана Јовановска, освен повредите од падот од зграда во скопското Тафталиџе, биле утврдени и крвни подливи на брадата и вратот, кои потекнуваат од тап и тврд предмет. Дел од нив, како што наведе, се настанати десет дена пред смртта, а дел истиот ден или еден ден претходно. Во обдукцијата не биле пронајдени алкохол ниту други психоактивни супстанци во нејзиниот организам.

Во однос на Стојанче Јовановски, судско-медицинските анализи покажале присуство на кокаин и лекови за смирување. Како што рече вештакот, во урината е констатиран кокаин со концентрација од 307,5 нанограми на милилитар, како и бензодиазепини во концентрација над 1000 нанограми на милилитар. Исто така биле утврдени дијазепам, нордијазепам и метаболит на кокаин.

Обвинителството го товари Стојанче Јовановски дека ја навел сопругата Ивана на самоубиство, во период додека биле во бракоразводна постапка, дека ѝ ја загрозил сигурноста и дека ѝ нанел телесни повреди при семејно насилство. Според обвинението, Ивана Јовановска и нејзината шестгодишна ќерка Катја починале на 2 март годинава по пад од балкон во скопската населба Тафталиџе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Екс државниот правобранител Стафа призна вина: Oсуден на 1 година и 3 месеци затвор
Следна Статија Mожно да се укине ДДВ-то за храна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дошол на преглед и изгубил свест: 61-годишен скопјанец починал во поликлиника во Аеродром

Вчера во 17.59 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во поликлиника на подрачјето на општина…

May 27, 2025
ХРОНИКА

Кривична пријава добија малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров, кривично ќе одговараат и нивните родители

Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје на 29 април 2026 година поднесе кривична пријава до Основното јавно…

May 4, 2026
ХРОНИКА

Инцидент на Скопскиот аеродром

Вчера попладне на Скопскиот аеродром се случил инцидент со кој бил нарушен јавниот ред и мир – двајца жители на…

November 25, 2024
ХРОНИКА

Доктор анестезиолог уапсен за убиството на Климе Митревски, сопственик на „Климентов Конак” во Охрид

Жарко Грозданоски, лекар анестезиолог вработен во Клиничка болница Тетово, се терети дека го убил Климе Митревски поради имот вреден над…

March 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?