Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени
ПОЛИТИКА

Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени

Објавено October 31, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Продолжувањето на пристапниот процес за Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза дека ќе ги спроведе, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.

– Ги повикуваме сите политички сили заедно да го направат овој значаен чекор напред, додаде Писонеро.

Таа потсети дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатата недела беше во посета на земјите од Западниот Балкан, вклучително и Скопје, при што јасно ја нагласила целта земјата да ги започне преговорите по Кластерот „Основни вредности“ што е можно поскоро. Во врска со можното „повторно спојување“ на Македонија и Албанија на европскиот пат, Писонеро потенцира дека проширувањето е индивидуален процес заснован на заслуги и зависи од објективниот напредок на секоја од земјите партнери на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во заклучоците од Самитот на ЕУ од декември минатата година се нагласува дека „Европската Унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, веднаш штом таа ќе ја спроведе својата заложба за комплетирање на уставните измени во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски најави консултации за реформи во Судскиот совет следната недела
Следна Статија Мицкоски до Апасиев: Потпишуваш амандмани со Северна, од истата земаш плата и ја финансираш партијата, додека уживаш на егејските плажи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Ветуваме многу реални проекти кои се од корист за граѓаните

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, синоќа гостуваше во дебатната емисија 24…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дел

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, се обрати на денешниот народен митинг во општина Ново…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Се водат интензивни преговори со 3-4 пратеници од НАИ: Се проширува ли владејачкото мнозинство по јануари?

Пратеникот и шеф на изборниот штаб на Вреди, Аднан Азизи, вчера најави дека по локалните избори во Гостивар и Врапчиште…

November 14, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни услови

За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако…

April 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?