Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

Објавено April 17, 2026 14:52
Сподели
Сподели

Апелацискиот суд во Штип ја одбил жалбата и го потврдил решението на првостепениот суд за продолжување на мерката куќен притвор на судијата Ѓоко Ристов – соопштија од судот. Со ова Ристов останува во куќен притвор откога одбраната се жалеше на претходната одлука за продолжување на мерката.

Судијата Ристов, кој работеше во Апелацискиот суд Скопје, е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари. Обвинението следува откако во јануари 2026 година беа пронајдени 350.000 евра кеш заѕидани во ѕид во куќата на неговите родители во Неготино за кои тој, според истрагата, немал доказ за потекло и не ги пријавил во анкетниот лист.

Случајот првично почна со адвокатот Фехми Стафа, поранешен државен правобранител, кој во декември 2025 година беше фатен ин флагранти при примање 20.000 евра од договорен вкупен износ од 100.000 евра мито. Парите, според Обвинителството, биле наменети за посредување и влијание врз апелацискиот судија за укинување мерка притвор во конкретен предмет.

Стафа ја призна вината, склучи спогодба со Обвинителството и беше осуден на една година и три месеци затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Врз основа на обезбедените докази, ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против судијата, а постапката и натаму е во тек

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јовановски се брани: Тврди дека бил жртва на закани и уцени , обвинителството тврди дека е обид за манипулација
Следна Статија Иселениците почнаа да се враќаат, тоа е резултат на новите политики на Владата,вели министерката за образование

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Возачите ја симнуваат оваа апликација: Eве каде има камери низ Скопје

Oткако се воведе системот „Сејф Сити“ и опомените за прекршоци најсимнувана апликација е „Waze“ каде ги има сите поставени камери…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ако Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за промена на името, колку зеле Заев и Филипче?

Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА,…

March 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Врховен суд: Граѓаните ќе можат да ја тужат државата пред Управниот суд поради загаден воздух

Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија денеска утврди начелен став за правото на здрава животна средина и загадувањето…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?