Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полицаец од Битола дивеел со колата: Без дозвола, пијан и двојно побрзо од дозволеното
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Полицаец од Битола дивеел со колата: Без дозвола, пијан и двојно побрзо од дозволеното
ХРОНИКА

Полицаец од Битола дивеел со колата: Без дозвола, пијан и двојно побрзо од дозволеното

Објавено April 17, 2026 15:20
Сподели
Сподели

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Битола, откако бил фатен како управува возило со активна забрана, под дејство на алкохол и со брзина речиси двојно поголема од дозволената.

Станува збор за Д.М., полицаец во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, против кого до Основното јавно обвинителство Битола е поднесена пријава за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Според МВР, на 1 април 2026 година, надвор од работното време, тој управувал патничко возило „бмв“ на улицата „8 Септември“ во Битола, иако имал активна забрана за управување со возило од „Б“ категорија.

Дополнително, возел со брзина од 98 километри на час во населено место каде дозволената брзина е 50 километри на час, а алкотестот покажал 0,73 промили алкохол во организмот.

По насоки на јавен обвинител, возилото му е одземено.

Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка, при што му е одземено службеното оружје и муницијата, а упатен е и на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Случајот го отвора прашањето за одговорноста и контролата во редовите на полицијата, особено кога прекршителите на законот се лица кои треба да го спроведуваат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бројот на жртви во нападот во турското училиште се искачи на 10, истрагата води до оружјето на таткото
Следна Статија Царина спречи четири обиди за криумчарење злато

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

„Само кажете колку пари треба“ напишал Александар во школската група на Вања и веднаш ја избришал пораката

Велимир (Манев) и Боре (Видевски) ни кажаа дека таткото на Вања му кажал на Палчо дека Вања сама ќе оди…

October 18, 2024
ХРОНИКА

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевче Јакимовски, денеска доброволно замина на издржување на преостанатиот дел од…

July 15, 2026
ХРОНИКА

Прилепчанец се возел во Неготино со над три промили алкохол во крвта

Прилепчанец со над три промили алкохол во крвта возел во Неготино, по што бил задржан во полициска станица, соопшти СВР…

April 13, 2026
ХРОНИКА

Пукање во Арачиново- две лица ранети

Две лица се повредени од огнено оружје во инцидент што се случил вечерва во скопско Арачиново. – На 01.11.2024 околу…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?