Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Брза реакција на припадник на АРМ, спречено ширење на голем пожар под Кале
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Брза реакција на припадник на АРМ, спречено ширење на голем пожар под Кале
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Брза реакција на припадник на АРМ, спречено ширење на голем пожар под Кале

Објавено April 17, 2026 19:44
Сподели
Сподели

Припадник на Армијата со брза и пожртвувана реакција денеска спречи ширење на пожар и заштити имот на граѓаните.

-Денес, околу 15:40 часот, на поранешниот полигон за обука за моторни возила (наспроти Националната Арена „Тодор Проевски“), професионалниот војник Христијан Божиновски, при заминување од работното место, забележал дека неколку паркирани возила се зафатени од пламен. Проценувајќи ја сериозноста на ситуацијата и опасноста пожарот да се прошири врз останатите паркирани возила, војникот Божиновски веднаш стапил во контакт со командирот на воениот стадион во Скопје, барајќи поддршка за локализирање на огнот, информираат од АРМ.

Припадниците на Армијата кои ја извршувале должноста на воениот стадион во Скопје, веднаш пружале помош, употребувајќи противпожарни апарати од едницата.

-Поради големината на пожарот, а проценувајќи дека истиот не може да се угасне, започнале со дислокација на неопожарените возила, со што успеале да го спречат ширењето на огнот. При интервенцијата, професионалниот војник Христијан Божиновски се здобил со полесни повреди на едната рака, за што му е пружена соодветна медицинска помош. Со ова дејствување, припадниците на Армијата уште еднаш го покажаа високиот професионален интегритет, како и пожртвуваноста на секој припадник без разлика дали се во униформа или не, секогаш да бидат во служба на државата и граѓаните, посочуваат од АРМ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ го откажа настапот во Мадрид
Следна Статија Иран: Ормускиот теснец е „целосно отворен“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Честитка од Кос за Денот на независноста: Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ

Европската комесарка за проширување Марта Кос во објава на Икс упати честитка до македонските граѓани по повод Денот на независноста.…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес регистриран утринава во близина на Тетово

Послаб земјотрес регистриран утринава во северозападниот дел на земјава со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала. Според информациите на…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гужви на границите, се чека најмалку еден час само на македонска страна

На граничните премини Богородица и Табановце, од македонска страна, поради зголемена фреквенција има задржувања околу еден час. На останатите премини…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: За 72 часа собрани 4,5 илјади тони отпад

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше за акцијата „72 часа“ кои беа предвидени за чистење на главниот град. „Помина рокот…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?