Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Трипуновски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Трипуновски
ПОЛИТИКА

СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство Трипуновски

Објавено April 18, 2026 12:52
Сподели
Сподели

СДСМ поднесе интерпелација за работата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, обвинувајќи го за, како што велат, корупција, скандали и штетни политики кои го довеле секторот до колапс.

Пратеникот Љупчо Николовски на прес-конференција изјави дека во изминатите две години земјоделците се соочуваат со намалена поддршка, укинати мерки и притисоци, наместо развојни политики.

„Трипуновски го доведе земјоделството до колапс – од незнаење, неспособност и со закани и притисоци“, рече Николовски.

Според него, намалени се субвенциите за повеќе земјоделски гранки, а дел од програмите и мерките се укинати или суспендирани. Тој посочи дека за првпат со ребаланс бил намален буџетот за земјоделство.

Како клучен аргумент за интерпелацијата, Николовски ја наведе корупцијата, тврдејќи дека блиски соработници на министерот биле фатени со мито од 50.000 и 100.000 евра.

„Ова не се изолирани случаи, туку доказ за системска корупција“, истакна тој.

Дополнително, СДСМ обвинува за, како што велат, „мега-скандал“ со европските фондови, поради кој биле суспендирани 128 милиони евра од ИПАРД програмата, што директно ги погодило земјоделците.

Николовски посочи и дека се намалени субвенциите за тутун, сточарство и други култури, додека, според него, зголемен е лимитот за субвенции за големите компании, на штета на малите производители.

Од СДСМ тврдат дека се укинати и важни мерки како авансната исплата на субвенции и програмите за мали производители, како и дека нема напредок во капиталните проекти и наводнувањето.

„Земјоделците се оставени сами, цените се под производствените трошоци, а резултатот е катастрофален“, рече Николовски.

Тој најави дека СДСМ ќе бара политичка, а потоа и кривична одговорност, додавајќи дека интерпелацијата има цел да се изнесат сите факти и аргументи во Собранието.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иран повторно воведе ограничувања за премин на бродови низ Ормускиот Теснец
Следна Статија ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, но сакавме процесот да биде инклузивен

Мислев дека ќе покажеме зрелост, широчина и на тој начин како политички чинители да се обединиме, оние партии кои имаме…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е…

June 28, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од младинска трибина во Струмица испрати порака за обединување и враќање на европска иднина на…

June 1, 2025
ПОЛИТИКА

Модерен конгресен центар, нов саем во Скопје, Шукова најави и решение за сообраќајниот хаос во Автокоманда

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?