Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара
ХРОНИКА

Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара

Објавено April 18, 2026 14:43
Сподели
Сподели

Скопска мобилара – увозник на мобилни уреди откако била фатена во обид за криумчарење „Ејпл“ часовници, по претходен договор и со помош на други лица ги заменила запленетите часовници со евтини копии, а оригиналите ги ставила во продажба во сопствениот салон. По налог на јавен обвинител извршен е претрес каде се пронајдени оригиналните часовници вредни 570 илјади денари – предмет на криумчарење. Против шест физички и две правни лица е поднесена кривична пријава за криумчарење, прикривање стока предмет на криумчарење и злоупотреба на службена положба. За случајот накратко информираше директорот на Царинска управа Бобан Николовски во гостување на МРТВ 1.

Случајот е откриен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи, при детална контрола на пратка со „Ејпл таблети“ од Дубаи која била наменета за македонска компанија која се занимава со продажба на мобилни уреди.

При прегледот на документацијата и контрола на стоката, инспекторите при отворање на еден од пакетите со ознака „Ејпл таблети“ откриле вкупно 20 паметни часовници кои не биле опфатени со увозната царинска декларација. Часовниците се привремено одземени и оставени во безбедносен сеф се до донесување наредба од страна на јавен обвинител. Уште истиот ден, други лица кои имале пристап до сефот, сега осомничени, го отклучиле сефот и запленетите часовници ги замениле со евтини копии, а оригиналите му ги предале на увозникот.

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги спроведе темелна истрага при што по налог на јавен обвинител е извршен претрес на мобиларата каде се најдени оригиналните часовници. Извршени се соодветни предистражни дејствија и форензика на прибавените доказни материјали, по што е поднесена кривична пријава против осум лица.

Во 2025 година од страна на Одделението за оперативни работи извршени се детални 8.177 царински прегледи при што остварени се вкупно 271 случаи на заплени.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж почина во градскиот пазар во Свети Николе
Следна Статија Муцунски во Анталија: Вложувањето во младите е директна инвестиција во иднината на регионот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Лишен од слобода жител на скопско Љуботен кој превезувал тутун без документација

Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи вчера го лишиле од слобода С.Р.(33) од скопското село Љуботен, во чиј…

May 25, 2025
ХРОНИКА

Палевски им се извинуваше на обвинителките затоа што ги спореди со Ферари

Не ми дадоа записник од исказот и од почна мојот сомнеж во врска со оружјето, рече Палевски за односот на…

April 14, 2025
ХРОНИКА

Осумнаесетгодишен скопјанец силувал девојче: Таткото пријавил по пет месеци

Маж на 46-годишна возраст маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишно момче од Скопје ја силувало неговата малолетна…

October 11, 2025
ХРОНИКА

Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов

Поранешниот градоначалник на Кавадарци и пратеник во македонското Собрание, Панчо Минов починал денеска, на 67годишна возраст. Минов во два мандати…

October 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?