Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скандал во Куманово: Заклучени гости, навреди и хаос по мечот меѓу Струга и Башкими
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Скандал во Куманово: Заклучени гости, навреди и хаос по мечот меѓу Струга и Башкими
СПОРТ

Скандал во Куманово: Заклучени гости, навреди и хаос по мечот меѓу Струга и Башкими

Објавено April 19, 2026 18:49
Сподели
Сподели

Ужасно „трето полувреме“ се одвиваше попладнево на стадионот во Куманово, откако фудбалерите на Струга убедливо го совладаа Башкими. Веднаш по последниот свиреж, ситуацијата ескалирала во сериозен инцидент – прво со кошкање меѓу играчите на теренот, а потоа и со директен притисок врз гостинската екипа.

Според информации од таборот на стружани, челниците на домашниот клуб влегле во конфликт со нивните фудбалери, ги навредувале и – како што тврдат – ги заклучиле во соблекувалната.

Од Струга велат дека физички напад немало, но нагласуваат дека безбедноста им била сериозно загрозена и дека биле изложени на жестоки навреди и пцовки.

Поради страв од дополнителна ескалација, гостинската екипа побарала интервенција од специјалните полициски сили, со цел безбедно да го напушти стадионот, а потоа и Куманово.

За Башкими, ова е уште еден сериозен удар по имиџот по враќањето во Првата лига. Клубот и претходно беше посочуван во контекст на сомнежи за местење натпревари, за што се соочува со строги санкции и истраги од ФФМ, УЕФА и надлежните институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски граѓанин нападнал и киднапирал старец во Хрватска
Следна Статија Партијата на Румен Радев е победник на предвремените парламентарни избори во Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бронкоси со триумф во последните мигови против Командерите

Напнат натпревар во NFL со драматичен пресврт во корист на Бронкосите

December 2, 2025
СПОРТ

Maкедонските ракометари вечерва против „страшната“ Данска

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник…

January 16, 2026
СПОРТ

Босанските фудбалери му влегоа со звучник на селекторот Барбарез

Босанските фудбалери му влетаа со звучник на селекторот Сергеј Барбарез додека држеше прес конференција по мечот со Италија. И потоа…

April 1, 2026
ХРОНИКА

Насилно ја пикнале во кола: Четворица скопјани киднапирале 23-годишна девојка во Струга

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против четворица скопјани на возраст од 18 до 35 години, осомничени дека насилно грабнале…

January 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?