Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески и Басани од Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања во земјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески и Басани од Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања во земјата
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески и Басани од Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања во земјата

Објавено April 20, 2026 12:27
Сподели
Сподели

Напорите на Народната банка, со поддршка од Светската банка (СБ), за зачленување на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како и за успешно завршување на процесот за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA веќе даваат конкретни резултати преку поевтинување и унапредување на брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Светската банка и натаму ќе ги поддржува активностите на Народната банка за интегрирање на нашиот финансиски систем во европските платни системи, а особено преку воспоставување платен систем за инстант плаќања и негово регионално поврзување со платните системи на земјите од Западен Балкан и интегрирање со ТИПС (англ. Target Instant Payment Settlement) на Европската централна банка. Ова беше посочено на средбите помеѓу гувернерот д-р Трајко Славески и заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани и регионалната директорка за Западен Балкан при Светската банка Шjиаочjинг Ју, за време на пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД.

Народната банка во моментов е фокусирана на воспоставување систем за инстант плаќања во земјава заснован на клонот на ТИПС, којшто го развива Банката на Италија за пет земји од Западен Балкан согласно одлуката на Управниот совет на ЕЦБ. За таа цел Народната банка и Светската банка потпишаа договор за техничка соработка којшто ќе обезбеди експертска поддршка во дизајнирањето и воведувањето на системот, како и за негово усогласување со современите европски практики.

Договорот го потпишаа гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани.

На средбата со високите претставници на Светската банка во Вашингтон беше нагласено значењето на партнерството во рамките на повеќе проекти за кои Светската банка обезбедува техничка поддршка за Народната банка. Постојаната соработка придонесува за подобри механизми за зајакнување на финансиската стабилност, унапредување на регулативната и супервизорската рамка, развивање на макропрудентните политики, модернизација на платните системи, зајакнување на управувањето со ризиците, како и за поддршка во процесите на дигитализација, финансиска вклученост и усогласување со меѓународните стандарди и најдобрите практики.

Делегацијата на Народната банка во Вашингтон учествува и на тркалезна маса со претставниците на Светската банка, Банката на Италија и централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, на која се разгледуваат тековните активности и следните чекори за воведување на системот за инстант плаќања заснован на клонот на ТИПС.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на нафтата пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран
Следна Статија Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Пак иста песна – забележани маржи до 50% кај овошјето и зеленчукот

Просечната малопродажна маржа кај овошјето достигнувала 37,7 отсто, додека кај зеленчукот 48,3 проценти, утврдила анализата на Институтот за економски истражувања…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кошта и Кос го подржаа потпишувањето на Договорот за Коридорот 8 помеѓу Македонија и Бугарија

Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошничка за еден месец се зголемила за 969 денари и изнесува 67 382 денари

За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство овој месец му биле потребни 67 382 денари. Тоа,…

February 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Лагард заработува околу 726.000 евра годишно

Вкупниот приход на претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард во 2024 година изнесуваше приближно 726.000 евра, што е…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?