Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Извлекувањето на иранскиот ураниум ќе биде долг и тежок процес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Извлекувањето на иранскиот ураниум ќе биде долг и тежок процес
СВЕТ

Трамп: Извлекувањето на иранскиот ураниум ќе биде долг и тежок процес

Објавено April 21, 2026 09:33
Сподели
Сподели

) – Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека извлекувањето на иранските резерви на ураниум ќе биде „долг и тежок процес“, по американските напади врз објекти од нуклеарната програма на Иран.

„Операцијата ‘Полноќен чекан’, спроведена во јуни минатата година, доведе до целосно и конечно уништување на нуклеарните капацитети на Иран. Токму поради тоа, ископувањето на нуклеарниот прав ќе биде долг и тежок процес“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Truth Social“.

Трамп често го користи изразот „нуклеарен прав“ кога се осврнува на резервите на збогатен ураниум на Техеран.

Во меѓувреме, портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит изјави дека САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран, и покрај неизвесноста дали ќе има нова рунда преговори.

„САД никогаш не биле толку блиску до склучување навистина добар договор, за разлика од ужасниот договор постигнат од Барак Обама“, рече Ливит мислејќи на договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година што подоцна беше поништен од Трамп.

Ливит посочи дека САД се во завршна фаза од преговорите, но додаде дека Трамп располага со повеќе опции и нема да се двоуми да ги искористи доколку не се постигне договор.

Таа нагласи дека претседателот веќе покажал дека ги исполнува своите ветувања.

Според Трамп, рокот на двонеделното примирје истекува утре. Тој најави дека ќе нареди напади врз објекти од енергетската и цивилната инфраструктура на Иран доколку не биде постигнат договор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Шо праите бе другари“ ги праша Заев сопартијците?
Следна Статија Сестринската партија на СДСМ во Бугарија не освои ниту еден пратеник, дали Филипче ќе се радува како за во Унгарија?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Трамп: Не можам да ви кажам што ќе се случи со пазарите, понекогаш треба да пиете лекови

Американскиот претседател Доналд Трамп рече „понекогаш мора да земете лекови“ на прашањето на новинарите за турбуленциите на светските пазари на…

April 7, 2025
СВЕТ

Сијарто: Унгарците јасно ставија до знаење дека не сакаат да имаат никаква врска со нелегалната миграција

Унгарците јасно ставија до знаење дека не сакаат да имаат никаква врска со нелегалната миграција и дека никој друг не…

September 14, 2025
СВЕТ

Се огласи Нетанјаху по нападот на неговиот дом

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи денеска, откако неговиот дом во Цезареја, на северот на Израел, бил нападнат со дрон…

October 19, 2024
СВЕТ

Европската комисија застана зад Шпанија по трговските закани од Трамп

Европската комисија соопшти дека ќе ги брани трговските интереси на Европската Унија, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…

March 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?