Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија
ЕКОНОМИЈА

Објавен тендер за надзор на изградбата на третата фаза од пругата кон Бугарија

Објавено April 23, 2026 11:22
Сподели
Сподели

Објавен е тендерот за избор на надзор за третата фаза од пругата кон Бугарија, а за 10-ина дена треба да биде објавен и тендерот за избор на изведувач, со што во текот на летото ќе почнат работите на терен – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници на Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Николоски најави дека на состанокот ќе се разговара и за западното железничко крило на Коридорот 8, како и за проектите за изградба на патните делници на овој Коридор кои, потенцираше, се одвиваат добро.

Изградбата на железничкиот и патниот дел од Коридорт 8 ќе чини 5 милијарди евра. Државата покажува дека може да спроведува големи инфраструктурни проекти – рече Николоски.

Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ посочи дека Коридорот 8 е стратешки проект со придобивки за граѓаните и државите истакнувајќи го неговото безбедносно значење во услови на геополитичка криза.

Состанокот е потврда за заложбата на Владата за спроведување на проектите од Коридотот 8 – посочи Нупнау.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР го уапси екс претседателот на ФФМ за проневера од 700.000 евра
Следна Статија Растe цената на нафтата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нотари: Дали нѐ заштитуваат или не?

„Нотарите ни го комплицираат животот, тие се тука само за да им ги земат парите на граѓаните, а нивната улога…

November 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Фото: Сакате попуст? Еве ви попуст!

Нова досега невидена идеја на македонските трговци. На рафтовите во еден супермаркет се појави продукт кој е на акција со…

January 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Експертите откриваат која криптовалута има најголем потенцијал

Аналитичарите ширум светот следат платформи кои решаваат вистински технички проблеми, а не монетите кои најмногу се издвојуваат на социјалните мрежи.…

August 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Купувајте злато, цената урива рекорди

Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски рекорд. Во изминатата година, цената…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?