Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
БАЛКАН

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години

Објавено April 23, 2026 11:44
Сподели
Сподели

Турскиот парламент усвои закон со кој им се забранува пристап до социјални медиуми на деца помлади од 15 години, во обид да се засили заштитата на малолетниците во дигиталниот простор. Согласно новите законски одредби, децата под 15-годишна возраст нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, додека дигиталните платформи ќе бидат обврзани да воведат ефикасни системи за проверка на возраста на корисниците.

Платформите ќе бидат обврзани да обезбедат јасни, разбирливи и лесно достапни алатки за родителски надзор. Овие алатки ќе овозможуваат управување со поставките на корисничките профили, како и контрола на активности што вклучуваат плаќања – како купувања, изнајмувања и претплати кои ќе можат да се извршуваат само со претходна согласност од родителите, како и следење и ограничување на времето поминато на платформите, јави ТРТ.

Давателите на услуги на социјалните мрежи, меѓу другото, ќе имаат обврска да преземат мерки за спречување на измамничко огласување. Според законот, странските платформи за онлајн игри со повеќе од 100.000 дневни корисници од Турција ќе треба да назначат официјален претставник во земјата, со цел да се обезбеди доследно спроведување на правилата и усогласеност со националното законодавство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нашите туристички организации бараат одложување на EES системот на грчките граници за македонските државјани
Следна Статија Артан Груби останува во куќен притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Скандал во Србија: Полицајци палеле труп на мафијаш,нивниот шеф ги бришел снимките

Судот одреди 30 дена притвор за Веселин Милиќ, началник на белградската полиција и поранешен советник на српскиот претседател, кој беше…

May 16, 2026
БАЛКАН

Во Србија денеска се навршуваат 25 години од петтооктомвриските промени, утрешниот ден ќе биде одбележан со трибина

Денеска во Србија се одбележува 25-годишнината од големите демонстрации во Белград, со кои на 5 октомври 2000 година заврши владеењето…

October 5, 2025
БАЛКАН

„Амнести интернешенел“: Србија користи софтвер за шпионирање на активисти и новинари

Српските власти инсталирале домашен шпионски софтвер на телефоните на десетици новинари и активисти, се вели во извештајот објавен во понеделникот…

December 16, 2024
БАЛКАН

Софија тврди дека Акцискиот план за малцинствата не бил напишан воопшто на македонски јазикк

Бугарија изразува загриженост поради отстапувањата на Скопје од Европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавен…

January 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?