Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Братислава соопшти дека се обновени испораките нафта за Словачка преку нафтоводот „Дружба“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Братислава соопшти дека се обновени испораките нафта за Словачка преку нафтоводот „Дружба“
СВЕТ

Братислава соопшти дека се обновени испораките нафта за Словачка преку нафтоводот „Дружба“

Објавено April 23, 2026 12:52
Сподели
Сподели

Словачка од изутринава повторно почна да добива сирова нафта преку нафтоводот „Дружба“, соопшти Министерството за економија во Братислава.

„Министерството за економија информира дека во 2:00 часот утрово повторно е воспоставен дотокот нафта во Словачка преку нафтоводот ‘Дружба’“, се наведува во соопштението.

Нафтоводот „Дружба“ стана една од инфраструктурните постројки во Европа со силно политичко значење, откако во јануари беа запрени испораките руска нафта за Унгарија и Словачка. Протокот на нафта низ украинскиот дел од системот беше обновен вчера, што потоа резултираше Унгарија да го повлече ветото на заемот на ЕУ од 90 милијарди евра за Украина.

Киев соопшти дека прекинот на испореките бил неопходен поради поправки на нафтоводот, додека Унгарија и Словачка ја обвинија Украина за намерно одолговлекување на повторното отворање.

Будимпешта и Братислава и натаму зависат од руска нафта и гас и настојуваат да ги одржат испораките, и покрај напорите на Европската унија да го намали увозот руски енергенси по инвазијата на Москва врз Украина во 2022 година.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Артан Груби останува во куќен притвор
Следна Статија Филипче: Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Израел: Подготвени сме да го вратиме Иран во камено доба,чекаме зелено светло од САД

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека земјата е подготвена повторно да ја отвори воената операција против Иран, но…

April 23, 2026
СВЕТ

Пасош на вашиот паметен телефон: ЕУ вети побрзи и непречени гранични проверки до 2030 година

Дигиталните акредитиви за патување ќе бидат бесплатни, доброволни и полесни за користење, нудејќи беспрекорно и сигурно искуство, велат од Европската…

October 8, 2024
СВЕТ

Мажот притворен во Минеаполис почина во притвор на ICE во Тексас

Лице уапсено од имиграционите власти во Минеаполис почина во сојузен притвор во Тексас.

January 20, 2026
СВЕТ

Токио воведува четиридневна работна недела за родителите да минуваат повеќе време со децата

Главниот град на Јапонија воведува четиридневна работна недела за вработените во градот во обид да го олесни товарот на родителите…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?