Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме со хаосот штого наследивме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме со хаосот штого наследивме
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме со хаосот штого наследивме

Објавено April 24, 2026 08:05
Сподели
Сподели

–Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител Телевизија говорејќи за нафтената криза истакна дека ќе има нови мерки при што посочи дека Владата се бори напорно за подобар живот на граѓаните, но во исто време се бори и со хаосот кој е наследен и долговите наследени од претходната влада.

Премиерот Мицкоски во однос на тоа како тоа оваа влада и претходната се справувале со кризите, потенцираше дека двете кризи и оваа сега и таа 2022 година се почнати во ист месец, но тогаш инфлацијата била над 10%, додека сега е 4,5%-4,9%.

„Второ излезе Меѓународниот монетарен фонд јасно кажа дека ние како држава сме трета во Европа според мерките коишто ги применивме визави процент од бруто домашниот производ. Тешко се живее, точно, никој не вели дека се живее лесно, тешко се живее и во Германија, еве сега се враќам од Австрија, тешко се живее и во Австрија, таму пак литар бензин и дизел се над 2 евра, па сега морале да ослободат околу 50 илјади барели од државните резерви да може да амортизираат цена, секаде тешко се живее. И тогаш стандардот во Германија, Франција, Италија, Австрија бил поголем од тој што бил во Македонија, но прашањето е дали таа разлика се намалила, ако ја мерите тогаш и сега, двојно се намалила.“, изјави премиерот Мицкоски.

Во врска со споредбите за тоа колку гориво може да се купи со платите во тие држави и во земјава, премиерот посочи дека таа разлика споредено со тоа кога беше претходната влада драматично е намалена, а не е зголемена и тоа е успехот во мерките и во политиките на оваа влада.

„Инаку, Германија, Франција, Италија, Австрија, Унгарија, Словенија повисок стандард имаат од Македонија, но тоа е политика децениска, можеби вековна. Ако некој очекувал ние за две години ќе вратиме годишно по 2,5 милијарди евра долгови на претходната влада, дека ќе враќаме солидарен данок кој е неуставно земен, ќе ги почитуваме сите колективни договори, и еве вчера излезе Државниот завод за статистика нето платата е за 7,5% поголема, дека ќе успееме да ја намалиме буџетската дупка дефицитот од 4,5 на 3,5%, дека шест квартали ќе имаме 3,5% раст на БДП.“, вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски се осврна и на критиките, при што посочи дека критиката е позитивна и ги слуша граѓаните, бидејќи тие имаат право да критикуваат и треба да критикуваат затоа што навикнати се на политичари неработници, луѓе коишто се обременети со криминал и корупција, и е свесен дека немаат трпение, а власта е таа која треба да има трпение и да работи.

„Ќе има дополнителни мерки иако ние досега прилично многу го изложивме буџетот и ќе треба да видиме, бидејќи еве втор месец завршува од кризата која е историски најголема според Светската енергетска агенција, оваа криза е поголема од онаа во 2022 година и двете кризи во седумдесеттите години заедно, а ние сме таму каде што сме и сега сметајте да имате по 30, 40 или 60% по литар поевтино гориво од соседите. Тоа е успех, дали е доволно, не е доволно, дали тешко се живее, да, но ќе се бориме да биде подобро.“, нагласи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одреден 30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ
Следна Статија По Турција, и Норвешка планира да ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Отворена предистрага за дупката од над седум милиони евра во Агенцијата за одземен имот

Недостасуваат седум милиони евра во државниот буџет, кои од страна на Агенцијата за одземен имот не биле уплатени, а се…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Чучуљ: Сè уште не се прави јасна разлика меѓу законското лобирање и недозволеното влијание

Прв регистриран лобист, покрај трите лоби-организации и петте застапници на лоби-организации кои претходно биле регистрирани, бил забележан веднаш по завршувањето…

June 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Цветници

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Свети Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

Главнoтo празнувањe му e на 23 дeкeмври/5 јануари, а на 20 јуни/3 јули му e лeтeн празник) Православните верници денеска…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?