Лидерите на Кипар, Грција, Италија и Малта денеска ја повика Европска Унија единствено и координирано да одговори на потенцијалниот бран мигранти поради војната на Блиски Исток, предупредувајќи оти е можна мигрантска криза како таа од 2015 година
Во заедничкото соопштение, од состанокот на маргините на неформалниот Самит на ЕУ на Кипар, се наведува дека како земји-членки на јужните надворешни граници на ЕУ директно се изложени на потенцијални неконтролирани миграции во правец на Унијата.
Претседателот на Кипар Никос Христодулидис и премиерите на Грција, Италија и Малта, Киријакос Мицотакис, Џорџа Мелони и Роберт Абела им наложија на министрите за внатрешни и за надворешно работи да ја продолжат меѓусебната координацијата и соработката со Европска комисија.
