Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Санчез: Шпанија останува во НАТО, но секогаш ќе го почитува меѓународното право
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Санчез: Шпанија останува во НАТО, но секогаш ќе го почитува меѓународното право
СВЕТ

Санчез: Шпанија останува во НАТО, но секогаш ќе го почитува меѓународното право

Објавено April 24, 2026 19:08
Сподели
Сподели

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата земја ќе остане членка на НАТО, по медиумските извештаи дека САД размислуваат за суспензија на нејзиното членство.

Шпанија е лојална членка на Алијансата која ги исполнува своите обврски, но во рамките на меѓународното право – изјави Санчез на Самитот на ЕУ на Кипар.

Тој е еден од најгласните критичари во Европа на американско-израелската војна против Иран, поради што повеќепати беше вербално нападнат од американскиот претседател Доналд Трамп.

Западни медиуми претходно објавија дека во Пентагон циркулира белешка со предлог-мерки против членки на НАТО кои не ја поддржале американската војска во војната против Иран.

Во случајот со Шпанија, во електронската порака се споменува можност за суспензија на нејзиното членство на иницијатива на САД.

Ние не работиме врз основа на електронски пораки, туку врз основа на официјални документи и ставови на владата на САД – рече Санчез.

Ставот на шпанската влада е јасен: апсолутна соработка со сојузниците, но секогаш во рамките на меѓународното право – додаде тој.

Владата во Мадрид ја оцени војната против Иран како „нелегална“ и спротивна на меѓународното право, па ѝ забрани на САД користење на воените бази на југот на земјата за напади врз Иран. Исто така, го затвори воздушниот простор за американски воени авиони кои учествуваат во нападите.

Во интерната комуникација на Пентагон се споменува и Обединетото Кралство, кое би можело да ја изгуби поддршката на САД во спорот со Аргентина околу Малвинските (Фолкландските) Острови по војната од 1982 година.

Лондон првично, исто така, забрани користење на своите бази за напади врз Иран.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се огласи Хашкиот трибунал за барањето Ратко Младиќ да се лекува во Србија
Следна Статија УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Албанците шести по сексуални напади во Лондон

„Centre for migration London“ направи истражување за сексуалните напади врз жени во Лондон и од која националност доаѓаат насилниците. Истажувањето…

March 27, 2026
СВЕТ

Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одредбите од новата одбранбена стратегија на ЕУ за…

March 20, 2025
СВЕТ

Ердоган по средбата со Путин: „Мирот не е далеку“

За време на 90-минутната средба меѓу Ердоган и Путин во Ашхабат, главниот град на Туркменистан, турскиот лидер потврди дека Турција…

December 13, 2025
СВЕТ

Џеј Ди Венс: Зеленски ќе зажали што зборува лошо за Трамп

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да се воздржи од јавни критики на претседателот…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?