Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата ќе купува сто нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Владата ќе купува сто нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра
ЗДРАВЈЕ

Владата ќе купува сто нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра

Објавено April 25, 2026 11:12
Сподели
Сподели

Согласно заклучок од седница на Владата, Министерството за здравство ја објави јавната набавка за 100 нови амбулантни возила со надградена медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Вкупната вредност на инвестицијата е 461.250.000 денари. Во моментот е во тек законскиот рок за поднесување понуди.

– Набавката на 100 нови амбулантни возила значително ќе го унапреди капацитетот на здравствениот систем за одговор при итни состојби и ќе овозможи побрза и поефикасна интервенција со брз и навремен транспорт на пациенти до соодветните здравствени установи. За возилата е предвидена надградена медицинска опрема, а со тоа што ќе се распределат во установите низ државата обезбедуваме подобра покриеност во сите подрачја, особено во руралните средини, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Оваа инвестиција е во рамки на поширок процес на суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку модернизација на итната медицинска помош и унапредување на оперативната способност за брз и структуриран одговор на здравствениот систем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
Следна Статија Вработени во Кривичен примале мито за да издејствуваат ослободителна пресуда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Граѓаните кај матичните ќе се изјаснуваат дали сакаат да бидат дaрители на органи по нивната смрт

Органодарителството во иднина нема да зависи исклучиво од одлуката на семејствата, туку ќе се оди кон систем во кој клучна…

June 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Нова вакцина за ХИВ

Истражувачи од белгиските универзитети во Брисел и Гент тврдат дека развиле вакцина заснована на мРНА, којашто може да го зајакне…

December 23, 2024
ЗДРАВЈЕ

Боли егзодусот на најдобрите лекари, кажа Силјановска Давкова

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова се обрати на свеченото одбележување на 80-годишнината од постоењето на Македонското лекарско друштво, што вчеравечер се одржа…

September 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото на родителство како фундаментално човеково право. Воведуваме јавно…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?