Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 34-годишник од Крива Паланка е загинатиот на градилиштето во Кисела Вода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 34-годишник од Крива Паланка е загинатиот на градилиштето во Кисела Вода
ХРОНИКА

34-годишник од Крива Паланка е загинатиот на градилиштето во Кисела Вода

Објавено April 25, 2026 15:52
Сподели
Сподели

34-годишник од Крива Паланка е загинатиот во несреќата што се случи вчера на градилиште во Кисела Вода.

– Вчера во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели, со земја биле затрупани работници. Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираа вчера од полицијата.

Скопското обвинителство издаде наредба за обдукција за починатиот.

„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција за починатиот. Државниот инспекторат за труд и Општинскиот градежен инспектор, исто така, ги истражуваат причините за несреќата и почитувањето на прописите за безбедност при работа“, порачаа вчера преку соопштение од ОЈО.

Неофицијално, загинатиот работник е сопруг и татко на две малолетни деца.

Тројцата повредени, се на возраст од 35 до 45 години, итно се однесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

„Двајца од нив имаат полесни телесни повреди и контузии, а се вршат дијагностички процедури. Едниот веднаш е лекуван од повреда на лактот, додека третиот пациент има скршеници на двете потколеници и бут. Нивната здравствена состојба се следи и медицинскиот третман продолжува“, информираа од Министерството за здравство.

Се очекува истрагата да ги открие точните околности на несреќата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Познат турски астролог предвидува голем пресврт во мај за овие три хороскопски знаци
Следна Статија Осомничен од гостиварско приведен за силување малолетничка и објавување снимки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Жител на скопско осомничен за убиство: Пријавил жена за исчезната, па следниот ден дека ја пронашол почината

Полициски службеници од СВР Скопје денеска околу 01:20 часот го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради…

June 28, 2026
ХРОНИКА

Групата на Штекли се криела во бункери под земја

Групата на Раде Трајковски-Штекли се гони за трговија со кокаин и марихуана, соошти денеска Обвинителството за организиран криминал. Тие се…

May 27, 2025
ХРОНИКА

Возел со 2,60 промили алкохол во крвта, па излетал од пат

Вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, патничко возило „фиат стило“…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Автомобил превртен по сообраќајка во Аеродром

Автомобил превртен на коловозот утрово по сообраќајка меѓу две возила во скопски Аеродром на крстосницата меѓу булеварот Видое Смилевски Бато…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?