Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рецепт за непечен колач со јагоди, се прави за 15 минути
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Здрава Исхрана и Нутриција > Рецепт за непечен колач со јагоди, се прави за 15 минути
Здрава Исхрана и Нутриција

Рецепт за непечен колач со јагоди, се прави за 15 минути

Објавено April 26, 2026 20:13
Сподели
Сподели

Сезоната на јагоди почна, па време е за десерти со ова овошје, на кое тешко може да се одолее. Ако ви се јаде кремаст и сочен колач што ќе го направите „додека трепнете“, ви носиме рецепт за десерт со јагоди што не се пече.

За да го направите, ќе ви требаат само 15 минути, а потоа да имате уште само малку трпение додека да се стегне во фрижидер. Но, кога ќе го пробате, ќе сфатите дека вредело да се чека.

Оваа торта се подготвува брзо, освежува и е идеално уживање доколку ви дојдат ненадејни гости.

Состојки:

– 400 г мелени бисквити
– 400 г јагоди
– 125 г путер
– 1 чаша сок од портокал
– 200 г шлаг
– 2 чаши кисела павлака
– 200 г шеќер во прав
– 3 дл кисела вода
– 2 кесички желатин

Подготовка:

Земете тркалезен калап за торти со страни. Изматете ги бисквитите со путерот и додајте го сокот од портокал. Кога смесата ќе стане мазна, на дното од калапот формирајте кора, одозгора убаво измазнете ја и ставете ја во фрижидер додека го правите остатокот од колачот.

Во подлабок сад додајте го шлагот, па изматете го со миксер со киселата вода за да стане поцврст. Во друг сад изматете ја павлаката со шеќерот во прав. Во шлагот додајте ја павлаката, па сè заедно соединете.

Добро измијте ги јагодите и оставете 10 парчиња за украсување.

Остатокот од јагодите изблендирајте го, исцедете го вишокот сок, па додајте ја павлаката и шлагот. Сè заедно изматете со миксер да се изедначи.

Желатинот подгответе го како што пишува во упатството на кесичката. Растворете го во малку вода, почекајте да набабри, а потоа загрејте го на тивок оган да се растопи. Полека додајте го во овој фил додека ги матите шлагот и јагодите. Извадете ја кората од фрижидер и одозгора ставете го шлагот, павлаката и филот со јагоди. Колачот одозгора украсете го со парчиња јагоди. Ставете го во фрижидер и оставете да се стегне.

По два часа колачот е подготвен за сервирање. Уживајте во ова кремасто задоволство.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановски победи на полумаратонот во Дубровник
Следна Статија Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Фластери и никотински гуми за џвакање ќе можат да препишуваат матичните лекари како лекови за одвикнување од пушење

Министерството за здравство ја ажурира есенцијалната листа на лекови и во неа по првпат се ставени лекови за одвикнување од…

May 28, 2026
Здрава Исхрана и Нутриција

Посен колач со портокал и кокос

Потребни состојки: За колачот: – 200 г шеќер – 100 мл масло – 1 ванилин шеќер – 350 мл сок…

March 9, 2026
Здрава Исхрана и Нутриција

Решете се трајно од вишокот килограми: мирисот на едно растение целосно го уништува апетитот

Според истражувачите од Соединетите Американски Држави, ослободувањето од преголемата желба за храна повеќе не е толку тешко. Тие создадоа нова…

August 25, 2025
Здрава Исхрана и Нутриција

Секс за паметење: Едно овошје делува подобро и од вијагра!

Подобро од Вијагра – само едно овошје го носи сексот на сосема ново ниво! Лубеницата како природен сојузник во борбата…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?