Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април
ПОЛИТИКА

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април

Објавено April 27, 2026 08:53
Сподели
Сподели

Прес-конференција денеска во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство ќе одржи Јане Ченто, на која, како што најави ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27 април.

Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката – се наведува во најавата.

Во најавата Ченто вели дека ова претставува почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на сите околности поврзани со судскиот процес за 27 април.

Во име на опфатените со судскиот процес изјава за медиумите ќе даде Јане Ченто, се вели во најавата.

Апелациониот суд минатата недела донесе одлука со која не го прифати барањето за повторно судење на осудените за насилството при упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Жалбата е неоснована. Судот го ценеше жалбениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеноро решението не содржи такви недсостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот, се вели во одлуката на Апелација, која е потврда на решението на Кривичниот суд од декември.

Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега судијка во Уставниот суд.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.(МИА)

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рецепт за непечен колач со јагоди, се прави за 15 минути
Следна Статија Ја скина тетивата: Салах го одигра последниот меч за Ливерпул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Живеачката станува неподнослива

 По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока, туку…

June 22, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали Јавното обвинителство го крие во фиока, затоа што штитат функционери…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова 7 години беше одговорна за животната средина и не направи ништо

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, повторно излегува со празни ветувања. „СДС, Заев…

September 11, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари го разреши Арбен Фетаи и уште неколку членови на претседателството на Алијансата за Албанците

Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, го разреши Арбен Фетаи од функцијата претседател на партиското собрание. Таравари изјави…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?