Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Oбвинителството ќе изведува материјални докази за “Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Oбвинителството ќе изведува материјални докази за “Пулс“
ХРОНИКА

Oбвинителството ќе изведува материјални докази за “Пулс“

Објавено April 28, 2026 10:18
Сподели
Сподели

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Тимот обвинители кои го застапува обвинението, на брифинг со медиумите, вчера информираше дека остануваат уште неколку сведоци кои се предложени – тие што од психички причини не може да бидат сослушани и еден кој е во странство, за кои, како што велат, важи можноста доколку не се достапни да се бара да се прочитаат нивните искази.

Со тоа се завршува со вербални докази и како што беше посочено се очекува да се започне со изведување на судско – медицинските обдукциски наоди за причините на смртта на жртвите во пожарот.

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи с

По изведувањето на обдукциските наоди и она што е констатирано, како што е најавено, ќе биде повикано вештото лице кое ќе одговори на се она што не било одговорено или отворило прашања во јавноста.

Од Обвинителството не може да кажат колку рочишта ќе бидат потребни за изведување на материјалните докази, и тоа, како што посочи, зависи и од одбраната и дали и колку ќе има опструкции, но тоа е работа на судот да се грижи за економичност и ефикасност на постапката.

Исклучувањето на јавноста, како што укажа обвинителството, ќе се бара во зависност од начинот на изведувањето на доказите и колку ќе се дозволи длабочина во изведувањето.

Судскиот процес започна на 19 ноември минатата година, по што во судницата во КПУ „Идризово“ во Скопје, досега беа сослушани сослушани родителите, преживеаните, гости во клубот, инспектори, претставници на институции и општина Кочани, како и членови на бендот, кои настапувале таа вечер.

Судењето го води судијката Дијана Грувеска Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утрински украински напад со дронови врз рафинеријата и пристаништето на рускиот град Туапсе
Следна Статија Сабаленка имаше труење, јадела такос со ракчиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Измамен старец: Дај ми 50.000 денари, работам во МВР ќе ти завршам работа за болниот син

Осумдесет и петгодишен маж од Скопје вчера во СВР-Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 50.000…

November 5, 2024
ХРОНИКА

Експравобранителот Стафа примил поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот

Осомничениот во случајот „Синџир“ Љупчо Пецов-Ѓаволот е лицето за кое поранешниот државен правобранител Фехми Стафа требало да издејствува укинување на…

December 15, 2025
ХРОНИКА

Уапсен Германец во Скопје

На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода…

August 6, 2025
ХРОНИКА

Обвинение за даночна афера тешка над 6,5 милиони евра

По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?