Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нов европски проект за заштита на кафеавата мечка на Шар Планина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нов европски проект за заштита на кафеавата мечка на Шар Планина
МАКЕДОНИЈА

Нов европски проект за заштита на кафеавата мечка на Шар Планина

Објавено April 29, 2026 13:13
Сподели
Сподели

Националниот парк Шар Планина се вклучува во нов европски проект за зачувување на кафеавата мечка, со цел долгорочна заштита на динаро-пиндската популација на овој вид.

Станува збор за проектот LIFE DinPin Bear, кој ќе се реализира до 2031 година во девет европски држави. Во рамки на активностите, институцијата ќе спроведува теренски истражувања преку мониторинг, поставување трап-камери и собирање научни податоци за распространетоста и движењето на кафеавата мечка (Ursus arctos).

Од паркот информираат дека дел од поставените камери веќе се оштетени, најверојатно од мечки во потрага по храна, што укажува на нивно активно присуство на територијата.

Според податоците од 2025 година, популацијата на мечката во паркот покажува стабилен тренд, со зголемен број младенчиња. Како главни предизвици се посочуваат отпадот и човечкото вознемирување, додека се регистрирани и поединечни случаи на материјална штета.

Од националниот парк апелираат до посетителите и локалното население да не оставаат отпад и храна на отворено и да ги почитуваат природните живеалишта, со цел да се избегнат несакани средби со диви животни.

Проектот предвидува активности за намалување на фрагментацијата на живеалиштата, подобрување на коегзистенцијата меѓу луѓето и мечките, зајакнување на управувањето и законската рамка, како и унапредување на прекуграничната соработка и вклучување на локалните заедници.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Рубин Земон, член на ЦО на СДСМ: Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е важен за македонскиот идентитет
Следна Статија Се роди Ѓорѓе Балашевиќ (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“

Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се одобрува во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што оформен…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам Македонија да биде меѓу првите земји во светот која што ќе добие договор за слободна трговија со САД

Моите очекувања се позитивни, очекувам да бидеме меѓу првите земји во светот што ќе добиеме договор за слободна трговија со…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Шок-глетка“ од центарот на Скопје – Каков впечаток ќе добијат туристите кои прв пат доаѓаат?

По неодамнешните реакции за  музичките изведувачи на Камениот мост во центарот на Скопје, нов „шок“ од строгиот центар на главниот…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ги измешале редните броеви: Поради погрешно испечатени гласачки ливчиња болните и изнемоштените во Ново Село не гласаат

Поради грешно испечатени редни броеви на носители на советнички листи на гласачкото ливче во општина Ново Село болните и изнемоштените…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?