Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утрински руски напади со дронови на Одеса
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Утрински руски напади со дронови на Одеса
СВЕТ

Утрински руски напади со дронови на Одеса

Објавено April 30, 2026 08:32
Сподели
Сподели

Руски дронови во текот на ноќта го нападнале јужниот украински град Одеса, по вторпат оваа недела, при што најмалку 18 лица се повредени и се оштетени станбени згради.

Најмногу штети нападите предизвикале во централниот Приморски округ, каде се оштетени високи станбени згради и петкатници, изјави Серхиј Лисак, шеф на локалната воена управа. Тој преку статус на „Телеграм“ наведе дека пожарите избувнале на горните катови и на покривите, но подоцна биле ставени под контрола.

Одеса, главно црноморско пристаниште и клучна точка за украинскиот извоз, е честа мета на руски напади.

Во нападите во понеделникот беа повредени 14 лица.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија од средата вечерта лансирала една балистичка ракета и 206 дронови, од кои 172 биле соборени или неутрализирани. Сепак, еден проектил и 32 дрона погодиле 22 локации.

Лисак наведе дека меѓу повредените има 17-годишно момче, а две лица се на интензивна нега во тешка состојба.

Тој додаде дека е значително оштетена градинка, како и дека има штети на трговски центар, хотел и административни простории.

Објавени се фотографии од пожар што зафатил зграда со оштетени горни катови, како и густ чад кој се издига од облакодери.

Исто така, десетици автобуси и автомобили се уништени или оштетени на повеќе паркиралишта.

Во друг округ се регистрирани удари врз инфраструктурни објекти, магацини и гаражни објекти

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Симеоне негодува за двата досудени пенали
Следна Статија Во Мадрид повеќе пенали отколку фудбал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Трамп ќе започне нов бран на десничарски промени во Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека вториот мандат на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе влијае на иницирање на нов…

January 20, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Беше страшно: Сведоштва од трагедијата во Кран Монтана

Стотици граѓани синоќа во тишина се собраа во Кран Монтана, полагајќи цвеќе и палејќи свеќи во спомен на жртвите од…

January 2, 2026
СВЕТ

Трамп го именува кариерниот службеник за да раководи со агенцијата за статистика чиј шеф го отпушти

Агенцијата е без постојан лидер од август кога Трамп го отпушти претходниот комесар Ерика МекЕнтарфер поради послаб извештај за вработувањето.

February 1, 2026
СВЕТ

Низ Берлин се палат „Тесла“ возила

Непознати сторители запалиле четири автомобили „Тесла“ на подрачјето на Берлин, а полицијата смета дека станува збор за криминални дела со…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?