Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Мадрид повеќе пенали отколку фудбал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Во Мадрид повеќе пенали отколку фудбал
СПОРТ

Во Мадрид повеќе пенали отколку фудбал

Објавено April 30, 2026 09:11
Сподели
Сподели

Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа вечерва на стадионот „Метрополитано“ нерешено 1-1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони.

Двата гола беа постигнати од пенал. Арсенал поведе во 44. минута преку Ѓокереш, додека Алварез израмни за домаќините во 56. минута.

Со ремито во Мадрид, фудбалерите на Арсенал ја продолжија својата серија без пораз во Лигата на шампиони оваа сезона. Лондонскиот тим на 13 натпревари има 10 победи и три нерешени.

Атлетико Мадрид е во своето седмо полуфинале во елитното европско клупско натпреварување и на реваншот во Лондон ќе се обиде да дојде до своето четврто финале. Во нивните претходни три финалиња (1974, 2014, 2016) загубија три пати. Првиот пат од Баерн, а потоа двапати од градскиот ривал Реал.

Арсенал, од друга страна, втора сезона по ред е во полуфиналето на Лигата на шампиони, а само еднаш играше во финалето, во 2006 година, кога загуби од Барселона.

Арсенал прв се закани кога во 6 минута ударот со глава на Хинкапи по центаршутот на Мадуеке заврши над голот.

Атлетико возврати во 14 минута, Алварез ја прими топката на работ од шеснаесетникот и одлично шутираше, но Раја одбрани. Само една минута подоцна, уследи контранапад на гостинскиот тим, Ѓокереш го проигра Одегард чиј обид беше изблокиран

Кога се чинеше дека првото полувреме ќе заврши без голови, лондонскиот тим дојде во водство. Сè започна со грешка на Алварез, а во продолжението од акцијата, Ѓокереш ја прими топката во шеснаесетникот, Ханко го собори одзади, а судијата Дени Макели покажа на белата точка. Ѓокереш беше прецизен од белата точка.

Атлетико влезе во второто полувреме многу поактивно и можеше да израмни во 48. Минута кога Алварез шутираше од слободен удар од околу 20 метри, погодувајќи ја мрежата, но од надворешната страна. Во 53-та минута, мадридскиот тим имаше две добри шанси, најпрво Лукман шутираше, но Раја одбрани, одбиената топка ја пречека Гризман, но неговиот обид беше блокиран од Габриел.

Три минути подоцна, Атлетико израмни од пенал. Љоренте шутираше, погодувајќи го Вајт во раката. а Макели по сугестија на ВАР собата ја прегледа снимката и досуди најстрога казна. Алварез биеше прецизно за израмнување н на резултатот.

Во 63 минута, домашните можеа да дојдат до резултатски пресврт, но ударот на Гризман заврши во рамката на голот. Во 74 минута, Атлетико имаше уште една одлична шанса, но Лукман шутираше директно во лондонскиот голман. Во 78 минута, холандскиот судија досуди трет пенал. Се чинеше дека Ханко го соборил Езе, но откако Макели ја прегледа снимката, ја промени својата одлука.

Лондонскиот реванш меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид ќе се игра на 5 мај, а ден подоцна е на програмата реваншот меѓу Баерн и ПСЖ, откако првиот натпревар во Париз донесе спектакуларен фудбал и триумф на францускиот клуб од 5-4

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утрински руски напади со дронови на Одеса
Следна Статија Вардарци во вторник со Монпеље, во четврток со Еурофарм за титулата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Милвоки Бакс го освоија НБА купот

Кошаркарите на Милвоки Бакс ја освоија титулата во НБА купот, во финалето во Лас Вегас славеа над со 97:81. Милвоки…

December 18, 2024
СПОРТ

(Видео) Инцидент во Евролигата – Брајант го гризна Биберовиќ

Дербито на Истанбул во Евролигата, во салата на Ефес им припадна на кошаркарите на Фенербахче (83:78). Натпреварот го обележа инцидентот…

October 11, 2024
СПОРТ

Чемвено од Кенија е победник на 20. Виз Ер Скопски маратон, Ивановски го освои третото место

Хилари Чемвено од Кенија е победник на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски маратон. Тој патеката долга 42 км и 195…

October 6, 2024
СПОРТ

По подолго време Партизан ќе има репрезентативец на Македонија

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски кариерата ќе ја продолжи во Партизан. 23-годишниот дефанзивец го напушти рускиот Акрон Тољати и се пресели во клубот…

February 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?