Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Објавено April 30, 2026 13:23
Сподели
Сподели

Изјавите и прес-конференциите што доаѓаат од СДСМ се збунувачки и на моменти чудни. Немаат цел да ја кажат вистината, туку да направат што поголема сензација со растурање пердуви и невистини, надевајќи се дека на тој начин ќе остане сегашното раководство по следните парламентарни избори кога ќе доживеат тежок пораз, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан од пратеникот Бојан Стојаноски како ги коментира обвинувањата и невистините што секојдневно стигнуваат од опозициската партија, посочувајќи го како пример демантот на тврдењата на опозицијата од самиот известител за Македонија од Европскиот парламент Томас Вајц.

Според претседателот на Владата, раководството на СДСМ не нуди конструктивна дебата туку прави „внатрешна мобилизација за да остане во живот на следните парламентарни избори кога ќе имаат поголем пораз од 2024 година“.

Тоа го прават преку лажење, па кој поверува – поверува – рече Мицкоски.

Наведе примери со кои СДСМ ја лажеле јавноста – рече дека ширеле паника оти буџетот е празен и ќе нема плати и пензии, дека е зголемен долгот и буџетскиот дефицит и државата ќе банктотира.

Не само што не банкротираше, туку според сите параметри е држава за пример во регионот – изјави Мицкоски.

Како што рече, невистинити се покажале тврдењата на СДСМ дека во април ќе се доселат мигранти, во согласност со стратешкиот договорот со Обединетото Кралство, дека поради ИПАРД земјоделците се блокирани, за што, рече, дошол демант од ЕК од Брисел, исто како што и евроизвестителот Томас Вајц истиот ден ги демантирал обивнувањата од СДСМ во едно интервју.

Тоа говори за длабоката психолошка состојба во која се наоѓаат. Кога ќе видите какви пораки праќаат и што зборуваат, загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ. Јавноста е сведок на кампања и речник што не доликува на политичката сцена во Македонија – истакна Мицкоси и рече дека можеби треба да се бара лекарско (уверение) за пристапување во органи на партиите.

Рече дека ја предупредува македонската јавност дека во периодот што следува обраќањата од партиската говорница на СДСМ ќе бидат само со една цел – „по поразот на следните избори да останат и да најдат некакво алиби дека изборниот процес не бил фер“.

И да не ве зачуди ако воопшто и не учествуваат на тие избори, како што сега ја напуштаат комисијата за Изборниот законик. Можеби ќе кажат дека ќе нема фер избори, иако техничката влада ќе важи за следните избори. Но ќе ризикуваат да ги изгубат сите можности што им се нудат. Ако одлучиле така да се однесуваат, ние не може да им помогнеме, ние сме фокусирани на граѓаните – додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Немам ништо против употребата на албанскиот јазик, дури и се обидувам да го научам
Следна Статија Бресквица го љуби Лука Дончиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Заедно ќе создадеме уште подобри услови за нашите најмили – дечињата во градинките

Кандидатката за градоначалничка на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денес беше на кафе-дружба со родителите на нашите најмили и најмали…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

Разговори за владината реконструкција: Секој носител на јавна функција мора да биде достапен за граѓаните и отчетен за својата работа

По завршувањето на првата фаза од разговорите со коалициските партнери во текот на викендот, можеме да констатираме дека средбите поминаа…

June 21, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ до Филков: Тргнете ги рацете од судството и обвинителството

ДУИ до Филков упати остра политичка порака по неговата денешна изјава за одлуката Артан Груби да добие куќен наместо ефективен…

February 24, 2026
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра. Договарани се тендери за набавка…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?