Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обвинителството побрза да реагира по „анонимна“ кривична пријава за Христовски, не ја ни дочека ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Обвинителството побрза да реагира по „анонимна“ кривична пријава за Христовски, не ја ни дочека ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Обвинителството побрза да реагира по „анонимна“ кривична пријава за Христовски, не ја ни дочека ДКСК

Објавено November 1, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Обвинителството потврди дека примиле „анонимна“ кривична пријава со наводи дека Бојан Христовски, директорот на АНБ, приложил исправа со невистинита содржина, за да ги исполни условите и да биде назначен за директор на тајната служба. Пријавата се однесува на јазичниот ТОЕФЛ сертификат на Христовски од бугарската јазична школа “Јулија”, а сертификати од “Јулија” во судски постапки во Македонија веќе се прогласени за фалсификати.

-Во текот на вчерашниот ден е примена кривична пријава од анонимен подносител, по што согласно законските одредби е отворен предмет и доделен на обвинител за работа,  одговорија од обвинителството за Телма.

Ова е прва предистрага во обвинителството за Христовски и неговото назначување поради сомнежи дека не исполнува повеќе услови за вршење на највисоката безбедносна позиција во државата.

Обвинителството, симптоматично, не остана на зборот и не ја почека ДКСК. Првично, токму обвинителството соопшти дека ќе ја почека одлуката на Антикорупциската комисија.  Познавачите на состојбите ваквиот избрзан и изнасилен чекор на Обвинителството го поврзуваат со јавно познатата спрега со врхушката на СДСМ и ДУИ, за која јавно посведочи поранешниот премиер и претседател на социјалдемократите Зоран Заев, автор на „распупеното судство и обвинителство“. Не бадијала, довербата во Обвинителството падна на аларманти 1%, а на судството на подобри од нив, 2%.

Одлуката на ДКСК ја чекаше и премиерот Мицкоски. ДКСК нема овластувања и законски механизми за истражни дејствија и порача дека секој може да си ги работи истрагите и обврските согласно законските надлежности.

Премиерот Мицкоски посочи дека стажот од  условите не е клучен во целиот случај туку стравот на некои структури е во некои припадници на службите, кои во  претходниот период, кои следеле членови на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски извади и купче документи, фалсификувани јазични сертификати на припадници на сегашната опозиција или директори од времето на владеење на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Мирно небо Зоки“, македонската естрада се збогува со Зоки Фаци | ФОТО
Следна Статија Ужас во Србија: Се сруши конструкција на железничка станица во Нови Сад, има повредени, меѓу нив и деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еуроњуз: Македонија, Србија и Полска со најзагаден воздух во Европа

Најновиот извештај кој го пренесе Еуроњуз ги стави Македонија, Србија и Полска на ист ранг но во контекст на земји…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје

Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!, порача…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме јасна и цврста волја за борба против организираниот криминал

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во гостување на емисија на ТВ Алфа истакна дека борбата со организираниот криминал и…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија, одржливи јавни финансии и стабилност

Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира…

November 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?