Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Освен „Дура“ и „Аптив“ нема други најави за „селење“ од зоните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Освен „Дура“ и „Аптив“ нема други најави за „селење“ од зоните
ЕКОНОМИЈА

Освен „Дура“ и „Аптив“ нема други најави за „селење“ од зоните

Објавено May 2, 2026 17:39
Сподели
Сподели

Освен „Дура“ и „Аптив“ за сега нема најави за „селење“ на други компании од технолошко-индустриските развојни зони-вели директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски во емисијата Бизнис 21. Според него и покрај кризата од конфликтот на Блискиот Исток, состојбата во зоните е стабилна, нема намалување на нарачки и број на вработени. Во првиот квартал годинава пораснал и извозот од зоните. За драстичниот пад на странските инвестиции од 1,25 милијарди евра во 2024-та на помалку од 500 милиони евра лани, Димовски вели тоа се должи на фактот што компаниите од Македонија враќале пари на своите сопственици во странство.

„Во 2024-та вкупни должнички инструменти кои се однесуваат на заеми позајмици помеѓу мајката фирма и мајката ќерка биле во плус 686 милиони евра. Што значи тоа што компаниите од странство префрлувале по однос на заеми и други средства на компаниите во Македонија. Додека во 2025-та тој износ изнесува 103 милиони евра со минус, значи има одлив. И ако 2024-та се собираат тие две во 25-та се одземаат“, вели Гоце Димовски.

Димовски вели се работи на Националната стратегија за развој во која ќе има нов концепт на привлекување на странски инвеститори. Покрај проектот „Инвест ин Маседонија“ за кој не откри детали како и што ќе нудиме, сега странските инвеститори наместо по шема, ќе се привлекуваат поединечно.

„Концепт на привлекување на секој поединечен случај на давање на поддршка. Не како што било претходно шема, туку конкретно“.

Значи лице во лице разговарање со секоја посебна компанија и слично?Тука не се отвараат некои други можности за коруптивни..

„Не тука не се отвараат бидејќи тие доставуваат бизнис план, поддршка се дава согласно закон. Ако нешто давате согласно закон поддршка, тука не гледам јас нешто спротивно на закон. Ако е спротивно на закон да“.

Димовски вели во финална фаза се преговори со неколку странски компании кои очекува набрзо да донесат одлуки за инвестирање во зоните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Србите се изборија за полесен влез во Грција
Следна Статија ЕУ воведува нови правила од 1 јули за возачите на комбиња

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Петрова: УЈП наместо моќник над даночните обврзници, рамноправен учесник во даночниот систем

За даночните обврзници она што сакаме да го постигнеме е прво, едноставни и брзи процеси за пресметување и плаќање на…

February 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари

За 10 евра или за  630 денари е зголемена синдикалната кошница во јули во однос на јуни. На 4 члено…

July 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ…

March 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Витаминка започнува со имплементација на ESG – стратешки чекор кон одржлива иднина

Витаминка започна со формална имплементација на ESG (Environmental, Social, Governance) принципите преку современата VSME рамка за репортирање, која овозможува систематски…

November 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?