Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Maкедонската претседателка на иста маса со Макрон и Мелони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Maкедонската претседателка на иста маса со Макрон и Мелони
МАКЕДОНИЈА

Maкедонската претседателка на иста маса со Макрон и Мелони

Објавено May 4, 2026 17:51
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван учествувала на панел-дискусијата организирана од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, во рамките на активностите на Европската коалиција против дрогата (ECAD).

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, во своето обраќање таа посочила дека Западен Балкан претставува транзитна зона за трговијата со дрога, нагласувајќи ја сериозноста на овој предизвик и опасноста од влијание на таканаречените „трети актери“.

Таа посочила дека не смее да се потцени растечката улога на нарко структурите во економијата, политиката и општеството. Предупреди дека криминалните мрежи стекнуваат моќ да влијаат врз партиските и политичките процеси и институции.

-Неопходно е Европската Унија да ја преиспита својата политика на проширување низ призма на Западен Балкан, имајќи ја предвид безбедносната димензија, истакнала Сиљановска-Давкова.

Претседателката потенцирала дека интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ може да биде добар пример на превентивна, наместо реактивна европска политика. Според неа, опасно е тоа што во трговијата со дрога се именува како „modus operandi“ да прерасне во „modus vivendi“.

Сиљановска Давкова, како што додаваат од Кабинетот на претседателката, на крајот потсетила дека европската политичка и безбедносна архитектура е неразделна од балканската.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цената на нафтата урива рекорди
Следна Статија Раул со четворица „Македонци“ ќе брка пласман на СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Телефонски разговор на Сиљановска-Давкова со Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев,…

March 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска од од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вилма Русковска го пријавила Боки 13 за вознемирување

Поранешната специјална обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување. Според пријавата,…

December 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Помилуван Ѓоко Поповски кој беше обвинет за набавката на возила и за блиндираниот „Мерцедес“

Најголемата жртва на лудилото наречено СЈО конечно на слобода. Ѓоко Поповски, екс помошникот на министерот за јавни набавки во МВР,…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?