Раде Ристовски кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски добил осум дена притвор за семејно насилство затоа што ја претепал неговата сопруга Сара.
Информацијата за ТВ 24 ја потврдуваат извори и од Кривичниот суд и од ОЈО ГОКК, но и од МВР.
Ристовски според информациите од полициски извори е дел од обезбедувањето на премиерот Мицкоски и бил на работна позиција како дел од обезбедувањето односно како претходница.
Сара Ристовска е докторка и сопственичка на приватна ординација. Извори од Кривичниот суд велат дека Ристовски се гони за кривино дело за кое е предвидено затвор од шест месеци до три години.
