Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни
ЕКОНОМИЈА

„Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни

Објавено May 5, 2026 19:26
Сподели
Сподели

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ донесе одлука за суспендирање на директната линија Франкфурт-Скопје во текот на целиот месец јуни. Истовремено, „Аустријан ерлајнс“ го одложи почетокот на новата авиолинија Виена-Охрид, што претставува нов бран промени во летниот распоред на оваа групација.

Последниот директен лет од Франкфурт за Скопје е закажан за 31 мај. До средината на овој месец линијата ќе сообраќа секојдневно, а до крајот на мај бројот на летови ќе се зголеми на девет до десет неделно. Сепак, во текот на јуни нема да има директна поврзаност, а обновување на рутата се очекува од 1 јули, иако распоредот се уште не е официјално потврден.

Од компанијата посочуваат дека патниците за Скопје ќе можат да патуваат преку Виена, каде што превозот ќе го преземе „Аустријан ерлајнс“, исто така членка на „Луфтханза груп“.

Промени има и на аеродромот во Охрид. „Аустријан ерлајнс“ го одложи воведувањето на линијата од Виена, па наместо на 17 мај, првиот лет е планиран за 21 јуни. Оваа релација ќе биде активна до 18 октомври.

Овие одлуки доаѓаат по турбулентен период за германскиот превозник, кој во април се соочи со штрајкови и затворање на подружницата „CityLine“. Само за јуни, „Луфтханза“ откажала 944 неделни летови низ својата европска мрежа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Банкротот тропа на врата, за две години Владата ја задолжи државата за нови 2,3 милијарди евра
Следна Статија Трамп: Иран нема никакви шанси

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Освен „Дура“ и „Аптив“ нема други најави за „селење“ од зоните

Освен „Дура“ и „Аптив“ за сега нема најави за „селење“ на други компании од технолошко-индустриските развојни зони-вели директорот на Дирекцијата…

May 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Со „училишната кошничка“ заштедени меѓу 750 и 2 000 денари по ученик

Заштеда од 750 до 2 000 денари по ученик од семејство овозможи т.н. училишна кошничка која заврши на 20-ти овој…

October 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат за пад пред клучните американски податоци за вработеноста

Акциите паднаа, а доларот се задржа близу двомесечни најниски нивоа додека инвеститорите ги намалуваат ризиците пред клучните американски економски по

December 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата

Владата на денешната вонредна седница донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка…

July 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?