Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Цената на храната е зголемена под еден отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Цената на храната е зголемена под еден отсто
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Цената на храната е зголемена под еден отсто

Објавено May 6, 2026 13:23
Сподели
Сподели

– Цената на храната е зголемена под 1 отсто во април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата што ги прави врз основа на добиентите бројки од Државниот пазарен инспекторат – информирашпремиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по отварањето на пазарот за електрична енергија во Скопје.

– Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкосцки.

Премиерот Мицкоски посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. Во Бугарија е веќе над 6 отсто, Хрватска се движи околу 6, а Грција околу 5.

– Нема како ние да останеме имуни на ова. Имајќи предвид минатата година овој период, имавме и велигденска кошница. Но, очекувам сето ова да се стабилизира во овој тековен месец и веќе од следниот да имаме инфалција, која ќе биде под 4 %, а доколку имаме стабилизирање на состојбите во Иран, во Заливот, тогаш очекувам да дојдеме до оние бројки што до крајот на годината ќе бидат меѓу 2 и 3 отсто – вели Мицкоски.

Прашан дали има опции за мерки и кои се, Мицкоски со одговор дека како Влада немаат голем простор за мерки, освен тоа да влијаат на данокот на додадената вредност (ДДВ). Претседателот на Владата образложи и дека ако се замрзнат цените и маржите, тогаш тие се прелеваат во другите месеци, а како што рече, „тоа се покажа како лоша мерка“.

Прашан дали може таргетирани мерки за одредени производи, Мицкоски потврди дека тоа веќе го прават и како пример ги посочи вешташкото ѓубриво и течниот природен гас.

-Така што имаме таргетирани мерки. Но, сакам да кажам и тоа е многу важно да се истакне, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ние како држава сме меѓу првите три согласно мерките кои што ги аплицираме, како процент во ДДВ за време на оваа криза-подвлече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не постои суспендирање на ЕЕС сиситемот за српски или за било кои граѓани: Грчките власти одлучуваат во зависност од моменталните гужви на границата
Следна Статија Ахмети е спремен за предвремени избори (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани

Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

СДСМ поднесе закон за намалување на цени со кој до 2.000 денари ќе се заштедува месечно на храна

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот…

November 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Платите за март на здравствените работници поголеми за 15 отсто, од април и повисоки пензии за 2 500 денари

Платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15 отсто, а до крајот мандатот ќе бидат покачени за…

March 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?